КАФЕ ПАУЗА

Сè е енергија што вибрира на одредена фреквенција: Следниве шифри може да ви помогнат

Енергијата не е непознат поим, а со неа се занимавале многу научници. Григориј Грабов е руски физичар и математичар којшто развил метода за обновување на човечкиот организам со помош на одредена концентрација кон одредени броеви. Со погодување на точната фреквенција што одговара се создава вибрација и услови за обновување на енергијата која почнува повторно да тече како што треба и болеста се повлекува или проблемот се губи. Неговиот метод бил одобрен од руското министерство за здравство.rnrnrnrnПостојат многу сведоштва од луѓе кои оздравеле од најтешки болести или успеале да ги решат нивните животни проблеми служејќи се со методот на Григориј Грабов. Овој руски научник со повеќе дипломи донесол шифри со чијашто помош на релативно едноставен начин може да се решат многу проблеми. Поедноставно кажано, сè е енергија којашто вибрира на одредена фреквенција. Така и нашите тела се енергија. Кога човекот не вибрира на природна фреквенција се јавува некое нарушување, болест, блокада на енергијата. Бројот за одредена тема може да се повторува во себе, да се визуализира на погоден начин, да се насочи концентрацијата кон него или пак да се напише на хартија и да се носи во џебот или чантата односно повремено да се погледнува, да се научи напамет или да се има покрај себе додека се спие. Исто така може да се залепи на ѕид во просторот каде што престојувате (на работа ако е поврзан со работата или дома, приватно зависно од темата). Сите опции се добри, а исто така и некоја опција што спонтано ќе ви падне на памет. Важно е дека одредениот број треба да биде присутен во вас, околу вас и тој со својата вибрација ќе почне да ја создава потребната фреквенција.rnrnГрабов напишал неколку книги, а најпозната е „Обновување на човечкиот организам со концентрација на броевите“ (постои и превод со назив „Шифрарник“) во кој се наоѓа список со повеќе познати болести заедно со нивните соодветни броеви. Исто така позната е и неговата книга „Светлост во вечноста“ во која ги претставува броевите за некои општи теми од животот со помош на кои истиот може да се подобри во тие области.rnrnИздвојуваме некои од шифрите коишто ќе ги интересираат повеќето.rnrnБроеви што помагаат:rnrn1888948 – трансформација на негативното во позитивноrnrn285555901 – за хармонични односи во семејствотоrnrn212585212 – за забрзување на учењето кај децата и младитеrnrn141111963 – за усогласување на односите на работното место, идеално работно опкружувањеrnrn5154891 – создавање соодветни односи во околинатаrnrn212309909 – стабилност во работните активности, решавање општи прашања и проблемиrnrn71427321893 – нормализирање на финансиската ситуација, изобилиеrnrn11179 – спречување сообраќајни незгодиrnrn148543292 – против алкохолrnrn9189481 – бројна низа за слободаrnrn71042 – хармонизирање на сегашностаrnrn148721091 – хармонизирање на иднинатаrnrn7819019425 – хармонизирање на минатотоrnrn1001105010 – мирrnrn35986 – развој на интуицијаrnrn1814321 – апсолутна норма за здравјеrnrn9187948181 – самоизградба на телотоrnrnОвие се некои универзални броеви за теми коишто ги интересира повеќето, а доколку сакате повеќе да дознаете можете да ги прочитате книгите на овој руски научник.rnrnДознајте и кое е значењето на броевите што се повторуваат.