КАФЕ ПАУЗА

Што ве очекува на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак?

Врските кои ги градиме се тесно поврзани со нашите лични карактеристики, па затоа хороскопоските знаци се добар показател за тоа каков викенд нè очекува за Св. Валентин.rnrn0-Shto-ve-ochekuva-na-Denot-na-Vljubenite-spored-vashiot-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

Овен

rnКако прв знак во хороскопот, на Овенот, кој е роден лидер, не му се потребни посебни празници за да ја прослави љубовта.rnrnПоради нивната силна енергија и ентузијазам може да имаат антиВалентин (хорор филмови, мрсна храна и многу лук).rnrnТоа не значи дека нема да се заинтересираат, но секако ќе се постават себеси на прво место.rn

Бик

rnБикот ужива во подароци и во материјални добра и секако дека ќе очекува внимание, најмалку со чоколадо, за Денот на вљубените.rnrnСмирената и сензационалната страна на Бикот ќе има потреба да го прослави овој романтичен празник на интимен начин.rnrnКога ќе ви се закачат еднаш, закачени се засекогаш, затоа што премногу брзо се приврзуваат. Па доколку се однесувате како навистина да ви е убаво бидете сигурни дека токму таа порака сакате да ја примат.rn

Близнаци

rnБлизнаците живеат во двоен свет што им овозможува лесно да се адаптираат во секоја ситуација, но исто така тоа ги прави и неодлучни.rnrnТие би го поминале Денот на вљубените сосем нормално и со некое попатно изненадување – лукавиот Близнак секогаш има нешто зајадливо во својот ракав.rnrnОние кои се сингл, благодарение на својата површна природа, ќе им се додворуваат на најатрактивните во клубот, а оние кои се зафатени ќе ги отвораат своите луксузни подароци.rn

Рак

rnРаковите сакаат да се чувствуваат сигурно и удобно, затоа ќе го поминат овој ден со некој со кој се длабоко поврзани, како брачниот партнер или семејството.rnrnБидејќи се чувствителни, слободните Ракови најверојатно ќе го искористат ова време за самосожалување и давење во својата осаменост.rnrnПриврзаните ракови никогаш нема да заборават на сите блиски да им посветат внимание на овој ден.rn

Лав

rnБез разлика дали се сингл или зафатени, овој ден е како створен за нив. Тие го гледаат овој ден како повод да си докажат колку другите луѓе ги ценат нив и секако – ќе очекуваат внимание и подароци.rnrnСамоуверениот и вообразен Лав мора да има закажано некаква прослава на овој ден, макар и со пријателите, а притоа ќе се преправа дека не му е грижат за тоа.rnrnТие се енергични, живи и сакаат секаков повод за забава што значи дека нивниот Ден на вљубените ќе биде еден забавен бал.rn

Девица

rnМногу се пребирливи, но штом еднаш успеете да го тргнете нивниот лукав слој, ќе го пронајдете нивното топло срце.rnrnНим не им е грижа за овој ден, па затоа настојуваат да размислуваат логички и практично.rnrnЗошто да потрошат еден ден на сакање кога треба да ги сакате 365 дена? Баталете ги досадните подароци — Девиците многу лесно ги согледуваат вештачките изливи на љубов за да би го освоиле така лесно нивното срце.rn

Вага

rnТие се премногу дружељубиви, но исто толку и нерешителни, што значи дека тие ќе го поминат Денот на вљубените правејќи планови во последната минута со личноста која штотуку ја одбрале.rnrnНо, како романтични и шармантни индивидуалисти со нетрпение го очекуваат овој ден.rnrnТие сакаат да флертуваат – нека не ве изненадува ако повеќе флертуваат со сите во клубот отколку со вас.rnrnНа крајот на денот, Вагите се повторно оние нежни луѓе кои бараат баланс и фер игра и секогаш ви се враќаат.rn

Скорпија

rnТие се независни луѓе и затоа нема да им пречи сами да го прослават овој ден, особено затоа што тие секогаш сакаат да наздрават за своја душа.rnrnТие се многу страсни љубовници кои секогаш со сигурност ги искажуваат своите чувства вклучувајќи го и она: Те сакам!rn

Стрелец

rnТие се позитивни луѓе, оптимистични индивидуалисти кои имаат големо срце и уште поголема имагинација. Слободните Стрелци нема во никој случај да ги начекате како дремат дома, туку ќе одат да гледаат некој филм кој ќе ја понесе нивната инспирацијата.rnrnОние кои имаат партнери ќе прават нешто авантуристичко, затоа што обожуваат да истражуваат нови нешта.rn

Јарец

rnЈарците се вредни и одлучни луѓе, кои го користат својот прагматизам за да го достигнат посакуваното – всушност, и да немаат закажано состанок за Денот на вљубените тие ќе се досадуваат, сè додека некој не се сложи со нив да го гледа „50 нијанси на сиво“.rnrnПоради нивната конзервативна природа, понекогаш знаат да бидат песимистички расположени, па нека не ве чуди ако веќе најават дека сами ќе бидат на Денот на вљубените…. и дека самите ќе си пратат букет цвеќе за ефектот да биде поголем.rn

Водолија

rnТие сакаат да се уникатни, а нивната љубов кон другите ќе ги натера да земат учество во Денот на вљубените. Како креативни и со различни идеи, тие сакаат да си создадат своја верзија на овој празник.rnrnОние кои се зафатени играат воздржана игра бидејќи не сакаат да искажуваат чувства во јавност, но доколку се сингл тогаш претпочитаат да се дружат со пријателите затоа што важат за многу дружељубиви луѓе.rn

Риби

rnКако и нивниот симбол, Рибите не сакаат да пливаат сами и токму затоа тие на овој ден ќе бидат во нечие друштво. Тие се трагачи по авантури, па затоа и ќе прават нешто несекојдневно.rnrnПонекогаш се подредени, па затоа Рибите ќе ги остварат сите желби кои срцето на партнерот ќе ги посака на овој празник на заљубените.