КАФЕ ПАУЗА

Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!

Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!

Иако екстремниот замор може да се јави како резултат на одредена здравствена состојба, сепак тој може да биде поврзан и со мали, секојдневни аспекти. Во продолжение прочитајте ги кои се најчестите причини за замор и како да се справите со истите.rnrnСмачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!rn

1. Стрес

rnСакале или не, стресот е дел од животот и е нешто што не можете целосно да го елиминирате. Сепак, не занемарувајте го фактот дека хроничниот стрес може да доведе до појава на физички и ментални проблеми, вклучувајќи го и проблемот со спиење. Премногу стрес го прави вашето тело ранливо на болести, главоболки, мускулна напнатост и анксиозност. Обидете да се ослободите од стресот преку овие активности: длабоко дишење, медитација, јога, вежбање, Таи Чи, релаксација.rn

2. Прекумерна употреба на енергетски пијалаци

rnЕнергетските пијалаци се богати со шеќер и кофеин, па така тие се вашиот прв избор особено доколку сакате да останете будни. Но, прекумерната употреба на пијалаци со висока содржина на кофеин може да придонесе само да се чувствувате уште поуморни. Наместо тоа, обидете се со кафе или чај кои содржат помалку кофеин од енергетските пијалаци, а можете и да ја контролирате количината на шеќер што ќе ја внесете. И секако, не занемарувајте ги придобивките на водата за вашиот организам.rn

3. Мала физичка активност

rnИстражувањата покажале дека редовното вежбање придонесува за повеќе енергија и помалку замор. Доволно е да одвоите 20 минути во текот на денот на вежби со низок до умерен интензитет. Ви гарантираме дека после вежбањето ќе се чувствувате поенергични!rn

4. Недоволен сон

rnДоколку ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете, ако честопати се будите навечер или ако останувате будни повеќе од 20 минути во текот на ноќта, тогаш навистина имате проблеми со спиењето. За да го подобрите квалитетот на сонот не консумирајте тешка храна или алкохол и избегнувајте кофеин и никотин пред спиење, спијте во тивка и удобна соба, а доколку не можете без пладневна дремка, нека не биде подолга од 20 минути.rn

5. Недоволно консумирање протеини

rnЕдно истражување покажало дека испитаниците чие мени било богато со протеини не се жалеле толку често на замор за разлика од оние чија исхрана содржела сосема мала количина на протеини. Риба (особено пастрмката, туната, сардината, лососот, скушата и харингата, богати со омега-3 киселини), пилешко месо, млечни производи, грав, јаткасти плодови и производи од соја се само дел од намирниците кои се богат извор на протеини.rn

6. Дехидратација

rnВодата е од витално значење кога станува збор за одржувањето на имунитетот. Така, не е воопшто за чудење тоа што студиите покажале дека дехидратацијата е поврзана со нарушена мускулна сила, издржливост и зголемен замор. Пијте повеќе вода во текот на денот за да не наидете на симптоми на дехидратација како сува кожа, замор, вртоглавици, главоболки и жед.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за справување со заморот, можеби ќе сакате да прочитате и за трите начини за борба против „дигиталниот замор“.rnrnИзвор: thegreatist.com