Доколку сте уморни од зимата, но сепак уживате во топлите џемпери, тогаш ќе ви биде мило да го откриете овој нов моден тренд.rnrn
rnrnЏемперите со карнери потсетуваат на периодот на романтизмот и тие се новата опсесија на трендсетерките и модните блогерки. Најчесто можеме да ги видиме во нежни бои, како што се розова, сива и бела, но овие романтични џемпери се достапни и во темни бои, како што се маслинеста и црна. Со карнери на ракавите овие џемпери изгледаат доста женствено, а можете да ги комбинирате на многу различни начини.rnrn
rnrnМодните блогерки овие џемпери најчесто ги носат во комбинација со фармерки или темни кожни панталони. Исто така, убаво изгледаат во комбинација со мини здолништа и високи чизми над колена. Без разлика како ќе се одлучите да ги комбинирате, сигурно ќе добиете многу комплименти. Удобни, топли и забавни, тие се вистинско освежување во вашата зимска гардероба.rnrn
rnrnПогледнете ги фотографиите и пронајдете идеја за вашата следна модна комбинација.rnrn
rnrn
rnrn

Нов моден тренд за оваа сезона: Џемпер со карнери!
