За многумина, да се доживее прекин на врската во сонот е вистински кошмар. Меѓутоа, луѓето го сонуваат овој сон многу почесто од што мислите. Тоа не значи дека нешто лошо ќе се случи со вашата љубов, туку дека треба да преземете некои работи за да ја зацврстите врската. Сепак, имајте на ум дека понекогаш може да крие и вистински потсвесни желби за раскинување.rnrn
rn
1. Сакате промена во животот
rnВо ниеден случај овој сон не треба да го сфатите буквално. Тоа не значи дека длабоко во себе посакувате да ја прекинете врската. Може да значи дека посакувате некаква промена во животот. Размислете кои работи ве прават среќни, а кои не. Големи се шансите дека промените кои ви се потребни немаат никаква врска со партнерот.rn
2. Минувате низ криза во врската
rnПостојат шанси во моментов да имате некои проблеми во врската. Тие ве мачат и вие на овој начин се обидувате да се ослободите од нив во вашиот сон. Можеби се работи за некоја ситница во врската, која моментално ви е на ум. Или пак, за нешто поголемо. Одвојте време и размислете за што точно станува збор. Можеби овој сон ќе ве поттикне да решите некои од проблемите што ги имате.rnrnДоколку после овој сон се чувствувате многу лошо и сметате дека тоа е најлошото нешто што може да ви се случи, тогаш вие се плашите да не бидете оставени од партнерот. Ова е уште една причина зошто треба да ја преиспитате целата ситуација и да го поправите она што можете, барем од ваша страна.rn
3. Потсвесно посакувате да раскинете
rnПонекогаш овој сон може да има и буквално значење, па вие длабоко во себе да посакувате раскинување. Меѓутоа немате доволно храброст за тој чекор или не сакате да си признаете. Можеби овој сон ќе ве охрабри, бидејќи не треба да си дозволувате да бидете несреќни и незадоволни. Разговарајте со некого, анализирајте што е тоа што ве мачи и пробајте да бидете цврсти и да донесете одлука до која ќе се држите. Дури и да е нешто радикално, најважно е да пронајдете среќа и задоволство.rn
Автор: Ана Патриклиева