Врската помеѓу мајката и ќерката е најсилна, а мајката може да чита меѓу редови и да знае што се случува во главата на нејзината ќерка. Тоа е причината поради која ќерките во тинејџерските години почнуваат да бараат независност и да се оддалечуваат од своите мајки.rnrn
rnrnВо текот на оваа фаза, најважно е да бидете искрени со вашата ќерка. Можеби таа не го знае тоа, но станува збор за период во кој потребата да ја насочите и да ѝ го покажете патот е најголема. Ова се работите што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка во тинејџерските години.rn
1. Бајките се лага
rnФилмовите за тинејџери што ги гледате и романтичните романи што ги читате се лага. Објаснете ѝ на вашата ќерка дека во ниеден момент од животот нема да наиде на господин „совршен“ случајно на патот, да се заљуби, да има деца и да живее среќно до крајот на животот.rnrnЖивотот е непредвидлив и ништо нема да оди според планот. Научете ги ќерките сами да создадат својата дефиниција за совршеност, да научат да комуницираат и да прават компромиси, а сепак да се борат за себе.rn
2. Не верувај никому, дури ни мене
rnИзреката „мајката знае најдобро“ не е секогаш точна. Секоја личност има различна перспектива. Научете ја вашата ќерка да знае што сака и да не дозволува другите да влијаат врз неа на кој било начин. Таа треба да биде свесна дека најмногу треба да верува во себе и во својата интуиција.rn
3. Твојот план најверојатно нема да успее
rnПлановите пропаѓаат, но не дозволувајте тоа да ја обесхрабри да продолжи да планира.rnrnНаучете ја вашата тинејџерка дека грешките се составен дел од животот и дека сите ги прават. Најважно е да продолжи да верува во себе и да биде вредна.rn
4. Не можеш да им угодуваш на сите
rnАко им угодуваш на сите околу себе, единствената работа што ќе ја добиеш е разочарување.rnrnНаучете ги ќерките да се фокусираат на себе, на своето образование и на својата кариера и научете ги дека не треба да ги одложуваат своите обврски и желби само за да им угодат на другите.rn
5. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе, но немој да се потпираш на мене
rnДецата треба да знаат дека родителите секогаш се тука за нив, но тоа не значи дека треба да очекуваат родителите да им ги решат проблемите.rnrnНаучете ги вашите ќерки да бидат одговорни, а кога нешто не функционира како што планирале, самите да се справат со ситуацијата.rnrnПрочитајте кои се 7-те најважни љубовни лекции на коишто мајките мора да ги научат своите ќерки.