КАФЕ ПАУЗА

Добрите страни на лубеницата

Добрите страни на лубеницата

Загризот на сочно парче лубеница додека сокот полека се растекува по лицето е една од првите асоцијации на летото. Покрај тоа, ова вкусно овошје носи и бројни бенефити за здравјето.rnrnДобрите страни на лубеницатаrn

Одлична хранлива вредност

rnДури 92% од лубеницата е вода, има премалку диетални влакна, масти и протеини за да се споменат, но остатокот им припаѓа на многу витамини и минерали. Само едно парче од 150 грама содржи дури 25% од дневната потребна количина на витамин Ц, 10% од потребите за витамин А, калиум и помали количини на калциум, железо и витамини од Б комплексот.rnrnrn

Помага во намалувањето на килограмите

rnИстото парче содржи само 46 калории, правејќи ја одличен избор за ужина или десерт за оние кои се обидуваат да симнат некој килограм.rnrnrn

Го зајакнува имунитетот

rnВитаминот Ц го стимулира создавањето на белите крвни зрнца и со тоа го зајакнува имунитетот. За жал, овој витамин не може да се складира во организмот и затоа е препорачливо секој ден да се внесува, така што честото консумирање лубеница е пожелно.rnrnДобрите страни на лубеницатаrn

Го подобрува изгледот на кожата

rnВодата и големата количина витамини и антиоксиданси во лубеницата ги неутрализираат слободните радикали, помагаат во хидратацијата на кожата и го спречуваат нејзиното оштетување.rnrnrn

Го регулира крвниот притисок

rnВисоката концентрација на амино киселината цитрулин во лубеницата придонесува за опуштање на крвните садови, а со тоа и за подобар проток на крвта низ целото тело.rnrnrn

Заштита од болести

rnАнтиоксиднасот ликопен го спречува оштетувањето на здравите клетки во организмот причинети од метаболичките процеси и стареењето. Поради тоа се поврзува со заштита од кардиоваскуларни заболувања и одредени видови на рак.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.