Секој израсток на одреден дел од вашето тело е директно поврзан со одреден проблем, па токму затоа проверете го вашето тело внимателно, обидете се да забележите каде на вашата кожа се појавуваат повеќе акни и откријте нешто повеќе за вашето здравје.
rn
Врат и рамена
rnАкните на овој дел од телото можат да бидат предизвикани од тесна облека која не ѝ дозволува на кожата да „дише“, но исто така може да станува збор и за високо ниво на хормоните за стрес како и исхрана која изобилува со многу рафиниран шеќер.rn
Гради
rnДоколку сте сигурни дека не станува збор за акни настаните од материјал како полиестер или најлон, тогаш можеби вашите акни се производ од алергија или габична инфекција. Кандида во вашиот дигестивен систем може да го поттикне организмот да се буни на овој начин.rn
Раце
rnДали забележувате било какви грутчести израстоци на вашите раце? Ако да, можеби станува збор за „keratosis pilaris“, кои настануваат како резултат на недостаток на хранливи материи поради лоша исхрана.rn
Стомак
rnМногу ретко се случува една личност да има акни на стомакот, но доколку вие ги забележувате кај вас, тогаш сигурно станува збор за несакана последица од многу тесна облека.rn
Нозе
rnЧувствителноста или алергијата на некои производи како сапунот, боите, парфемите и детергентите можат да бидат причина за појава на акни на нозете.rn
Грб
rnАкните на грбот можат да имаат голем број причини, започнувајќи од мрсна храна и тесна облека, па сè до недостаток на сон, потење и алергиски реакции.


