КАФЕ ПАУЗА

Викенд со коктели – зошто да не?

Викенд со коктели – зошто да не?

Добра атмосфера, одлична музика, простор кој оплеменува, опуштено друштво и вкусен, необичен коктел кој дополнително ќе го поттикне вашето добро расположение.rnrnКој не би сакал вакво викенд излегување, особено ако е во друштво на најблиските? Класичните забави во кафулиња и ноќни клубови се веќе видени, можеби за некого и изживеани, но интересно место зачинето со по некој нов, егзотичен вкус е искуство кое вреди да се доживее и кое гарантира моменти за паметење.rnrnВикенд со коктели – зошто да не?rnrnА, кога сме веќе кај новите вкусови, врвните коктел мајстори знаат колкаво задоволство може да биде добар коктел, особено во петок или сабота навечер. Имајќи го тоа на ум, тие ни претставија 5 интересни рецепти за вкусни коктели со цел да го започнеме викендот во добар стил. Па, зошто не би пробале нешто?rn

1. PEACH JULEP

rnДоколку сте љубител на стариот верен пријател – вискито, ви го препорачуваме коктелот „Peach Julep“. Комбинацијата со зелен лимон, пире од праска, кршен мраз и нане, го прави овој коктел неверојатно смел, но истовремено и освежителен и егзотичен.rnrnrn

2. LIPA SPRITZ

rnДоколку сте без идеја што ново да пробате, а го сакате лесниот, освежителен вкус и чувството на скокоткање на јазикот, за вас е коктелот „Lipa Spritz“. Тајната на овој коктел е аперолот кој е совршен аперитив со уникатен вкус на портокал, а во комбинација со просеко и минерална вода, добивате одличен слабо алкохолен коктел од кој ќе сакате повеќе и повеќе.rnrnrn

3. SKUPI SLING

rnКоктелот „Skupi Sling“ можеби навидум делува „женски“, меѓутоа верувајте – ова е смел, сладникав вкус во кој се препознава сокот од ананас. Главните алкохолни состојки се џин, добро познатиот традиционален чешки пијалак Бекеровка, но уникатноста ја даваат и брендито од цреша и гренадинот. 5 различни состојки за кои ќе се изненадите колку добро одат една со друга.rnrnrn

4. KVADION

rnЗа љубителите на старата, добра жолта ракија, вистинските боеми од нашите улици. Можеби никогаш не би помислиле дека ракијата може да се комбинира со мартини росо и слатко од цреши, меѓутоа доколку го пробате коктелот „Kvadion“ ќе се уверите во спротивното. Истовремено и традиционално, но и полно егзотика.rnrnrn

5. QUINCE & SPICE

rnОсвежително и слатко, лесно, но со карактер. Таков е коктелот „Quince & Spice“ во кој главната состојка е румот Havana Club, но зачинета со зелен лимон и верувале или не – слатко од дуња. Веројатно никогаш не помисливте дека слаткото од дуња ќе биде вашиот главен аперитив во петок навечер, но доколку се чувствувате за ноќен живот во добар стил, за вас е токму овој коктел.rnrnrnrnСе надеваме дека успеавме да го задржиме вашето внимание со овие 5 интереси коктели кои не се вообичаени за секое кафуле или ресторан. Доколку сте љубопитни и да ги пробате, можете да ги најдете во Дистрикт бар и ресторан, подготвени од вештите раце на нивните врвни коктел мајстори.rnrnНа вас останува само да уживате во добрата, опуштена атмосфера и да се препуштите на новиот, уникатен вкус.