Сигурно шеќерот и благите работи ви се омилениот дел од исхраната, но знаете какви штети на здравјето тоа може да донесе. Зголемено чувство на глад, дебелеење, отпор на инсулин, дијабетес и слични нешта ве очекуваат кога редовно јадете шеќер. Неговото исфрлање од исхраната е тешко затоа што предизвикува зависност, но ако се случи ќе имате повеќе енергија, помалку ќе ви се јаде и ќе ја стабилизирате телесната тежина. За полесно да го елиминирате белиот рафиниран шеќер од вашата исхрана можете да користите некоја од овие замени. Треба да внимавате со нив затоа што и тие се многу калорични, но барем не прават да ви треба уште благо и се многу подобри за организмот. Секогаш кога во некој рецепт ќе видите дека треба да ставите шеќер, вие обидете се да го замените со некоја од овие алтернативи.rnrn
rn
Мед
rnМедот е одличен додаток за слатките кога сакате да го изоставите белиот шеќер. Тој се метаболизира многу побавно и затоа не предизвикува потреба од повеќе. Причина за тоа е и фактот дека е многу поблаг од шеќерот. Следниот пат кога ќе правите десерт, наместо 100 грама шеќер ставете 50 грама мед за тој да биде поздрав и повкусен.rn
Стевија
rnСтевијата по изгледот е многу слична на шеќерот, но има многу поразлични карактеристики. Еден грам стевија заменува дури 5 грама бел шеќер, а покрај тоа содржи нула калории. Го засладува оброкот, но не му додава калории и не ве тера да јадете уште благо. На почетокот проблем може да ви биде нејзиниот малку блуткав вкус. Овој засладувач веќе може да се најде и во нашите подобро снабдени супермаркети и во продавниците за здрава храна.rn
Јаворов сируп
rnЈаворовиот сируп содржи доста шеќери како и медот, но и покрај тоа е далеку подобра алтернатива од белиот шеќер. Содржи малку јаглехидрати и доста калциум и калиум, но сепак треба да се зема во умерени количини.rn
Агаве нектар
rnИ овој засладувач има доста понизок гликемиски индекс од белиот шеќер и затоа е одличен како негова замена. Истовремено засладува исто толку со многу помала употребена количина.rn
Маџун
rnМаџунот е засладувач од македонската традиционална кујна. Се добива од гроздовиот сок и многу е благ. Изобилува со многу хранливи состојки, витамини и минерали и од вашиот десерт ќе направи ем благ, ем хранлив оброк.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.