КАФЕ ПАУЗА

Филм: Џобс (jOBS)

Филм: Џобс (jOBS)

Written by

in

,

Биографија за легендата во иновациите и бизнисот

rnФилм: Џобс (jOBS)Режија: Џошуа Мајкл СтернrnrnУлоги: Ештон Кучер, Дермот Малруни, Џош ГадrnrnВреметраење: 128 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 16 август 2013rnrnЖанр: биографија, драмаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка:[ratings]rnrnrnrnСтив Џобс е иконата на корпоративна Америка. Тој е пример за човек кој сака да направи промени во светот, влегува во бизнисот поради тоа и успева. Згора на сѐ, после некое време некој неспособен го брка од неговата компанија, а тој по неколку години воскреснува враќајќи се на истото место, со истите идеи и страст да остави белег со своите иновации.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnНе е спорно дека Стив Џобс беше еден од оние големи иноватори, визионери и лидери во бизнисот. Како таков и е претставен во филмот. Секогаш визијата му е на прво место, одличен преговарач е, доста ја користи интуицијата, бројките не го интересираат премногу и вечно се бунтува против оние кои сакаат „да ја доведат компанијата во ред“. Стив Џобс во „Џобс“ е лик чиј жар во работата е инспиративен за неговата околина.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrnТоа е доста нагласено, па можеби затоа на моменти филмот делува како да претерува со идеализирањето на неговиот лик и дело. Тој навистина беше харизматичен лидер, но за него е познато и тоа дека не бил секогаш фин со своите подредени. Во филмот има сцени кои се обидуваат да го доловат тоа, но се ретки и немаат некој особен интензитет кој би оставил впечаток. Авторите на филмот со неговиот лик и дело постапуваат како и со секој друг неодамна починат човек: ја сокриваат неговата темна страна и на публиката ѝ ги прикажуваат само убавите работи по кои тој ќе се памети.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn„Џобс“ е редица на хронолошки настани кои го опфаќаат животот на главниот лик од неговите студентски денови, па сѐ до моментите кога создава историја. Придружуван со музика од седумдесеттите, сиот акцент е ставен на неговиот лик, одигран од Ештон Кучер. Малку е необично да се види Кучер во улога на сериозен и зрел човек, а и не зрачи со харизмата на вистинскиот Стив Џобс, па што поради него, што поради самото сценарио ова не е една од оние врвни биографии од типот на „Линколн“ или „Социјална мрежа“. Но во секој случај вреди да се погледне… барем додека на излезе уште некој филм посветен на Стив Џобс.rnrnФилм: Џобс (jOBS)rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.