Белиот шеќер не е добар за вас. Веќе внесувате шеќери во организмот преку овошјето и млекото и затоа нема потреба во исхраната да додавате од штетниот бел шеќер. Освен што е опасен по здравјето, тој не е ниту потребен. Светската здравствена организација препорачува само 5% од дневниот внес на калории да доаѓа од шеќерите, така што јасно ви е колку се препорачани благото со додадени шеќери и газираните сокови. Многу е веројатно дека вие го консумирате повеќе отколку што е потребно и дека сакате да го исфрлите од исхраната затоа што чувствувате дека не е добар за вас. Тоа треба да го правите постепено, чекор по чекор. Овие пет убави работи кои ќе ви се случуваат попатно нека ве мотивираат да успеете во вашата цел.rnrn
rn
1. Ќе имате повеќе енергија
rnПоради белиот шеќер телото никогаш не успева да ја искористи до максимум енергијата која веќе ја поседува. Иронично, ние секогаш посегнуваме по нешто благо кога чувствуваме дека таа ни фали, но штом престанеме со додадените шеќери, енергијата во нашето тело се покачува и веќе немаме потреба од нив.rn
2. Ќе ја стабилизирате телесната тежина
rnШеќерот прави да ви треба уште повеќе шеќер. Доколку позитивно одговорите на оваа потреба ќе внесете многу голем број калории. Престанете со тоа за да престане и гладот по него и по некое време ќе почувствувате дека веќе не се дебелеете, туку слабеете.rnrn
rn
3. Веќе нема да чувствувате потреба од шеќер
rnКако што рековме, шеќерот бара уште повеќе шеќер. Имајте на ум дека кога ќе се откажете од него веќе нема да ја имате онаа желба за благо која во минатото ви ја расипувала исхраната. Сега овошјето ќе има многу поубав и посладок вкус, а слатките ќе бидат премногу благи за вас.rn
4. Цревата подобро ќе ви функционираат
rnЦревата сакаат да се справуваат со повеќе диетални влакна, а помалку со вакви штетни супстанци кои се тешки за преработка. Ним ќе им биде полесно без состојките од слатките, крофните и газираните сокови. Ќе почнете почесто да одите во тоалет, што е добро и значи дека цревата работат онака како што треба.rn
5. Кожата ќе ви стане поубава
rnМногумина велат дека кожата им станува поубава и поблескава кога престануваат да консумираат од белиот шеќер. Се претпоставува и дека тоа е една од причините која поттикнува појава на акни.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.