КАФЕ ПАУЗА

Како најдобро да го искористите слободното време во лето?

Како најдобро да го искористите слободното време во лето

Written by

in

,

Доколку ова лето сте решиле да не работите, времето мора да го искористите правилно за да не ви пројде залудно. Постојат многу начини за тоа како најефикасно да го искористите времето додека сте невработени, а особено во лето. Правилно искористете го слободното време во ваша полза.rnrnКако најдобро да го искористите слободното време во летоrnrnПосветете се самите на себе – Одвојте време само за себе, времето кое уживате да го поминувате во безделничење не е залудно потрошено време. Но, гледајте да имате некаква цел и причина. На пример, средете си ја собата, направете си по некој домашен третман, вежбајте дома и останете активни.rnrnСамите поставете си задача – Не сте вработени, а во овој период немате ни обврски за на факултет или училиште, но затоа самите поставете си задачи. Снабдете се со материјали за учење или почнете со некој курс преку интернет, како на пример курс за јазици или за танцување.rnrnНаправете распоред – И покрај тоа што немате големи обврски, имајте си распоред и бележник за секој ден. Тука ќе запишувате сè што треба да направите, како на пример, средба со друштвото во четврток во 20 часот, или пазарење во Петок во 17, запишувајте и останете организирани. Имајте си и список со ситни работи низ дома кои треба да ги направите и нешта кои треба да ги купите. Додека сте слободни може да си изготвите план за наредниот период кога ќе бидете зафатени (на пример од почетокот на наредната учебна година) или изгответе детален финансиски план за наредните месеци. Така секогаш ќе знаете како стојат работите и ќе имате чувство на сигурност.rnrnСобирајте спомени – Правете многу слики, без разлика дали станува збор за вечерно излегување или дневна кафе-шема, имајте си колекција од спомени по што ќе го паметите летото. Тука не спаѓаат само слики, туку и влезниците од концертите кои сте ги посетиле дури и флаерите кои сте ги собрале, сето тоа ќе ве потсеќа на добрите помини со друштвото, семејството, љубените…rnrnКако најдобро да го искористите слободното време во летоrnrnЧитајте книги – Не затоа што сите советуваат дека треба да читате, туку зашто е вистински корисно. Опуштете се наутро со добра книга и вкусно кафе на вашиот балкон. Имајте си дневни ритуали кои ќе ги почитувате. А секоја книга е едно искуство плус, и тоа големо искуство.rnrnВолонтирајте – Доколку имате можност волонтирајте, правете сè што ве исполнува. Добро исчистете го и преуредете си го плакарот и сите непотребни работи донирајте ги во некоја организација. Така ќе знаете дека сте корисни и сте направиле некое добро дело.rnrnУпотребете ја фантазијата – Бидете креативни и употребете ја фантазијата. Подобрете ги и унапредете ги работите кои секојдневно ви требаат, украсете ја вашата шолја за кафе, направете си постери за во соба, преуредете го мебелот, декорирајте, внесете новости и разубавете си го домот.rnrnЗапишувајте – Водете си дневник, запишувајте важни настани, смешни случки, моменти кои ви го одзеле здивот. Чудесно е чувството кога ќе се навратите на спомените и ќе го читате тоа после неколку години. Којзнае, можеби од тоа ваше творење ќе излезе и цел писателски труд.rnrnПосетувајте важни настани – Кино, театар, интересни и неповторливи журки, посетувајте ги настаните по кои ова лето ќе остане запаметено. Најважно од сè, секогаш гледајте да понесете добри спомени и да запознаете многу луѓе.rnrnОстанете информирани – Бидете во тек со настаните, читајте дневни весници, гледајте по малку телевизија, останете информирани и секогаш знајте што се случува околу вас. Размислувајте на интересни теми на кои би можеле да дебатирате во друштво.rnrnИспланирајте си одмор – Дури и да не сте вработени вам ви треба одмор, бегство од секојдневието, зашто секојдневието исполнето со досада е позаморно и од полното работно време. Доколку не можете да си дозволите летен одмор во странство, испланирајте си викенд со друштво, за време на кој вие целосно ќе се опуштите и ќе ја „избркате“ негативната енергија и здодевното секојдневие.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.