Твиги, нежното девојче со момчешка фризура, е синоним за модата во 60-тите. Некои луѓе ја обожаваат, но некои ја обвинуваат за појавата на анорексија кај младите девојки.rnrn
rnrnИако е најпозната по својот специфичен изглед, таа кратко останала во модниот свет. Наскоро започнала да се занимава со пеење и глума, нешто што ѝ донело многу награди, меѓу кои и два Златни глобуси.rnrnПа, како е да се живее како Твиги?rn
Сѐ започнало со една фризура
rn
rnrnСѐ започнало кога еден нејзин пријател ја однел 16-годишната Лесли Хорнби (вистинското име на Твиги) кај познатиот стилист Леонард, кој во тој момент барал модел на кој сакал да испроба нова фризура.rn
„Нејзината коса беше долга и несредена кога Џастин ја донесе кај мене. Долго разговаравме за тоа која промена да ја направиме“, се сеќава стилистот.
rnТој ѝ ја офарбал косата и ѝ ја скратил во момчешки стил. Откако завршиле, Леонард ја закачил нејзината фотографија во својот салон, а Лесли се вратила во училиште.rnrnВо меѓувреме, модниот уредник на „Daily Express“ го посетил салонот на Леонард, ја забележал закачената фотографија и посакал да стапи во контакт со девојката. За кратко, Лесли била повикана на интервју. Три недели подоцна се нашла на страниците на списанието, каде синооката русокоса била наречена „Лицето на 1966“.rnrnТвиги ги красела насловните страници на „Vogue“ и „Tatler“ по само една година од започнувањето на нејзината кариера. Фотографите велеле дека камерата едноставно ја обожава, па затоа и станала дел од портфолијата на бројни легендарни фотографи како Ричард Аведон, Хелмут Њутон и Сесил Битон.rnrnИсто така, таа била првиот модел кој добил своја восочна фигура во Мадам Тисо, а станала и првото светски познато име во светот на модата.rn
Моделот кој не сакал високи потпетици и кратки здолништа
rn
rnrnИнстант популарноста и желбата на познатите модни списанија да соработуваат со неа ѝ биле чудни на Твиги. Нејзината мајка била работничка во фабрика, а нејзиниот татко бил столар во „Marks & Spencer“. Младата Твиги не би можела ни да замисли дека еден ден ќе соработува со „Marks & Spencer“ и дека токму нејзината ексклузивна колекција ќе ја спаси компанијата во еден тежок период.rnrnТвиги не ги сакала кратките фустани и здолништа, иако баш од нив направила популарен тренд. Таа ги ценела удобноста, слободата, скромната женственост и ниските потпетици. Ја започнала својата модна колекција за млади наречена „Twiggy Dresses“ во 1966 година, а парчињата ѝ биле со впечатливи бои и со разни дезени.rn
Како девојката со специфичен изглед стана најпознатиот модел во 60-тите?
rn
rnrnУметничкото име Твиги доаѓа од нејзината тежина, која во тој момент изнесувала само 40 килограми. Облеката на неа стоела како на закачалка, па морале да ѝ ја прилагодуваат со иглички, за да ѝ стои припиена на телото.rnrnТаа мислела дека светот полудел бидејќи ја сметале за убава. Според Твиги, сѐ што вредело на неа биле долгите и слаби нозе и убавите трепки. За да го истакне својот изглед, Твиги секогаш носела три пара лажни трепки. Оваа процедура на шминкање траела дури три часа, но правела таа да изгледа уникатно.rnrnТвиги отсекогаш сакала да биде модел, но сите ѝ велеле дека тоа е невозможно бидејќи таа била ниска (163 см) и телото ѝ било малечко (нејзините пропорции биле 81-56-81). Повеќето од моделите во 50-тите биле високи и со облини, а модата во тоа време била привилегија на елитата.rnrnВо 60-тите, жените станале поеманципирани, почнувале да заработуваат свои пари и имале можност да одлучуваат како ќе ги потрошат. На младите луѓе им било здодевно во продавниците каде што облека купувале нивните мајки и многу посакувале една нова, поинаква мода. Во списанијата, девојките сакале да гледаат модели кои личат на нив, но со интересен стил. Твиги била природна и невообичаена, па совршено се вклопила во оваа улога.rn
„Денес ја запознав новата модна икона“, рекол фотогарафот кој ѝ ги направил првите професионални фотографии.
rnКога 17-годишната Твиги престојувала во САД, еден таксист ја препознал и ѝ рекол „Еј, ти си онаа малечка, смешна Твиги од Англија?“, на што добил потврден одговор, па продолжил „Добро, имаш убаво лице, но не си Мерилин Монро.“rnrnТокму овој „комплимент“ ја инспирирал да размислува за една нова кариера како актерка и пејачка.rn
Повлекувањето од светот на модата и почетокот на актерската кариера
rn
Приватниот живот на Твиги
rn
Животот не завршува кога ќе наполните 60 години
rn
