КАФЕ ПАУЗА

Што ќе се случи ако ги исфрлите месото и месните производи од исхраната?

Во едно научно истражување од Универзитетот во Њујорк, Америка, во кое учествувале 50-тина испитаници, бил спроведен експеримент за да се одреди точно што се случува со човечкиот организам, односно какви промени настануваат во него доколку се исфрлат месото и месните производи од исхраната. Резултатите биле истовремено позитивни и негативни, и кај скоро сите учесници се појавиле овие 5 најкарактеристични промени во нивните тела.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

1. Ќе ослабете

rnИспитаниците кои го исфрлиле месото од нивната исхрана ослабеле до 5 килограми. Притоа, не ги менувале своите дневни рутини и навики, ниту пак ги броеле калориите.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

2. Ќе ви се промени цревната микрофлора

rnВегетаријанците имаат повеќе видови цревни бактерии кои се борат против воспаленијата и инфекциите, но сепак, голема е разликата помеѓу нивната микрофлора и микрофлората на месојадите.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

3. Можно е да изгубите неколку важни хранливи материи

rnСо растителната исхрана е потешко да се добие доволно железо, витамин Д и витамин Б12. Исто така, можно е да ви недостасуваат и протеини. Меѓутоа дневните потреби на организмот од овие материи можете да ги надоместите со соодветни алтернативи: Мешунките и јаткастите плодови се добар извор на белковини и здрави масти, јајцата содржат витамин Д, а ако јадете намирници богати со железо (како што е спанаќот) тогаш тоа правете го во комбинација со витамин Ц (на пример додадете малку лимон во спанаќот).rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

4. Можно е да го намалите ризикот од канцерогени болести

rnСветската здравствена организација минатава година ги шокира сите кога објави извештај дека во сланината и колбасите има приближно ист број штетни елементи како што има и во цигарите. Меѓутоа, според истражувањето, тоа не значело дека со консумацијата на овие производи се зголемува и ризикот од рак. Сепак, познато е дека црвеното месо не треба да се внесува во големи количини, особено тоа што е хемиски обработено, бидејќи може да предизвика сериозни здравствени проблеми во цревата и абдоминалниот предел.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?rn

5. Сигурно ќе го намалите ризикот од срцеви болести

rnОсвен претераното внесување масти, американскиот институт Лернер, кој бил партнер на њујоршкиот универзитет во научното истражување, го изолирал и карнитинот. Ова соединение од црвеното место ги поттикнува реакциите во организмот кои го стимулираат настанокот на кардиоваскуларни болести.rnrnШто ќе се случи ако го исфрлите месото и месните производи од исхраната?