Филм инспириран од животот на брокерот Џордан Белфорт
rn
Режија: Мартин СкорсезеrnrnГлавни улоги: Леонардо Дикаприо, Џонан Хил, Марго РобиrnrnВреметраење: 180 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 25 декември 2013rnrnЖанр: биографија, комедија, криминалистикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnШто се случува со еден човек кога ќе почне да заработува повеќе отколку што може да потроши? Кој ќе живее и работи во џунгла каде што нема ни 5 минути слободно време за одмор? Што се случува кога работата едноставно ќе го проголта и ќе се препушти на живот без никакви правила и контрола? Дали тој човек ќе остане ист?rnrn
rnrnПриказната го следи животот на еден брокер, Џордан Белфорд (Леонардо Дикаприо), кој на само 26 години успеал да заработи скоро 50 милиони долари. Тој сакајќи да се пробие, да заработи пари и да го привлече вниманието на големите брокерски фирми на Волстрит, отворил своја фирма која работела на малку поинаков начин од останатите. А под поинаков начин, сакаме да кажеме не баш легален начин. Користејќи ги дупките во законот и своите неверојатни способности за убедување, тој многу брзо успеал да ја прошири фирмата притоа здобивајќи се со прекарот „Волкот од Волстрит“.rnrn
rnrnЗаработувајќи неизмерно многу пари и работејќи во фирма каде што единственото правило е „не прифаќај НЕ за одговор“, Белфорд заедно со целиот свој тим почнуваат да живеат живот без контрола, проследен со многу алкохол, дрога и проститутки. Одеднаш тој ќе стане легенда во брокерските кругови. Преку ноќ сите ќе сакаат да работат за него и да бидат како него. Слободно може да се каже дека во еден момент тој дури ќе биде и непобедлив.rnrn
rnrnНо, секако работите не можат вечно така да траат. Некој би се запрашал кога е доста. Кога треба да се откажеш и едноставно да се повлечеш од тој брз и луд живот. За жал, за амбициозниот Белфорд тоа не беше опција. И токму тоа ќе го доведе до огромни проблеми.rnrn
rnrnИ покрај тоа што на неколку моменти ќе почувствувате како приказната да не е доволно обработена, овие 180 минути ќе ви поминат побрзо отколку што можете да замислите. Леонардо Дикаприо едноставно се надмина себеси со својот перформанс, а истото можеме да го кажеме и за останатите ликови кои одлично го следат. Темата која се обработува во овој филм е многу тешка, но со начинот на кој ни е пренесена можеме да извлечеме премногу лекции. Накратко, доколку не ви пречат експлицитните сцени, голотијата и големиот број пцости, вие уште во првите 15 минути ќе бидете целосно навлечени, чувствувајќи се како да го преживувате сè она што ќе му се случува на Белфорд и испитувајќи се себеси што вие би направиле во слична ситуација.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
