КАФЕ ПАУЗА

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Каде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?

Планината Хуа или на кинески Хуа Шан е една од петте свети планини во Кина и важно место за аџилак во една од најнаселените земји во светот. Се наоѓа во близина на градот Хуајин во северозападната провинција Шаншји.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnНајопасната пешачка патека во светот која се нарекува Plank Walk или Changkong Walk придонела за популарноста на оваа планина. Станува збор за патека направена од штици кои се заковани на работ на висока карпа без заштитна ограда.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnСе наоѓа на источната страна на највисокиот врв на планината Хуа, кој се издига на околу 2154 метри.rnrnПрвобитната патека била изградена од таоистички свештеник пред повеќе од 700 години со помош на камени клинци. Иако патот е долг само 130 метри и денес се чини навидум безбеден, сепак е многу стрмен, тесен и опасен по живот. Се претпоставува дека овде околку десетици луѓе го загубиле животот при што властите во 2019 година го затвориле за јавноста.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnЛокалните власти имаат намера да ја отворат одново пешачката патека откако ќе бидат подобрени безбедносните услови. Но, не се знае кога и дали воопшто тоа ќе се случи.rnrnКаде се наоѓа најопасното место за пешачење во светот?rnrnОткако прочитавте за најопасната патека во светот, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 11-те најопасни туристички дестинации.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr