КАФЕ ПАУЗА

Што да правите доколку личноста во која сте вљубени реши да ве напушти?

Што да правите доколку личноста во која сте вљубени реши да ве напушти?

Раскинувањето или разводот, разделбата со партнерот и емотивната дистанца во која нема ништо друго освен студенило – сето тоа може да биде тешко за личноста која сака и е оставена од партнерот.rnrnШто да правите доколку личноста во која сте вљубени реши да ве напушти?rnrnИако сите овие промени во првите денови ќе ви изгледаат како бродот да тоне и ќе ви биде тешко да заборавите и да продолжите понатаму, времето е лек за сè. Едно утро ќе се разбудите и ќе речете – „готово е“. Вашето срце ќе почувствува дека сето тоа поминало.rnrnГлавната грешка што многу луѓе ја прават е тоа што ја задржуваат личноста која ги оставила, не само физички, туку и во срцето, умот и душата.rnrnКарл Густав Јунг, познатиот психијатар, зад себе остави многу мудрости и психолошки совети, но овој е еден од најдобрите за сите оние кои страдаат поради невозвратена љубов:rn

„Не чувајте го оној што ве оставил. Во спротивно нема да дојде тој што треба да дојде“.

rnПо разделбата со партнерот не заборавајте дека сè додека чувате љубов во себе за личност која не ве заслужува, вие ја отфрлате љубовта од себе – ова е законот на привлекување.rnrnНемојте да молите за љубов, престанете да фантазирате за она што веќе поминало, не задржувајте ги негативните емоции и копнежот во вашата душа и оставете ги да си заминат.rnrnПуштете ги да си одат со личноста која ве оставила. Ако требало да остане, ако била достојна за вас, таа ќе беше тука. Но, бидејќи не е така, време е да го отворите срцето за нешто ново, за она што навистина го заслужувате.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 6 негативни мисли кои ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува.rnrnИзвор: atma.hr