Чувството на срам нè тера да се повлечеме, да се браниме, да се чувствуваме како жртви и да се обидуваме да возвратиме на каков било начин. Емоциите кои во тој момент владеат со нас носат некои импулсивни реакции кои не се добри за нас. Тогаш, што треба да направиме во таков момент?rnrn
rn
Одложете го одговорот на нападот
rnКога некој ве напаѓа, обвинува и засрамува, тој/таа е премногу затворен/а за да ги слушне вашите аргументи во еден конструктивен разговор. Затоа речете дека не можете да слушате во тој момент и дека ќе разговарате кога тој/таа ќе се„ излади“. По 15 минути нападите кон вас ќе бидат многу послаби и полесно ќе ги расчистите работите.rn
Бидете љубезни и сочувствителни кон себе
rnОбидете се да останете свесни за својата беспомошност во однос на зборовите на другата личност, односно дека не можете да го спречите она што ви се случува. Не се обвинувајте себеси за беспомошноста во тој момент, ниту за чувството на безвредност кое некој друг ви го наметнува.rn
Размислете дали ви тежат некои стари спомени
rnДоколку нападот не е непосреден ќе имате време да размислите и дали некои стари спомени ви тежат и прават да се чувствувате многу полошо отколку што треба. Кога новиот напад ве потсетува на некоја случка од минатото и ви се чини дека таа ви се повторува, тоа го засилува негативниот ефект од она што ви се случува денес.rn
Побарајте разбирање во себе за другата личност
rnМожеби оној што ве напаѓа тоа не го прави заради некој проблем кај вас. Може тоа да го прави и затоа што не се сака себеси, огорчен/а е од нешто или погрешно ги сфатил/а работите. Често пати нападите се случуваат токму поради овие работи и затоа не треба да дозволите нечии туѓи фрустрации да направат да се почувствувате безврдно.rn
Поразговарајте со некого
rnТоа е една од најубавите работи за себе која можете да ја направите во моментите кога сте засрамени или некој ве обвинува за нешто. Ќе добиете утеха, мир и помош за потрезвено и похрабро да ги согледате работите.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.