Се чини дека новите трендови во шминкањето никогаш не стивнуваат. Откако го видовме шарениот свет на маскарата, ни дојде уште еден нов тренд кој вклучува шминкање на увото. Всушност, уметноста зад овој вид шминка е тренд за убавина кој е доста популарен на Инстаграм. Според Мари Клер, овој тренд започнал пред две години благодарение на мејкап артистот Том Печо, за време на Париската модна недела, а од тогаш е користен и од повеќе шминкери кои на Инстаграм демонстрираат како да го направите тоа.rnrn
rnrnОчигледно е дека шминкањето на увото е тренд и на модната недела и кај шминкерите, но што е со нас, обичните луѓе? Би се осмелиле ли и вие да го следите овој тренд или сепак ќе го испробате само во приватноста на вашиот дом? Не можете да знаете дали ви одговара сѐ додека не се обидете. Па, доколку сте желни да видите како би изгледале со шминка на увото, во продолжение погледнете неколку начини кои ќе ви покажат како да го направите тоа.rn
1. Користете светкава сенка
rnИзберете две нијанси на бои: Бакарна и златна. Започнете со нанесување боја од страната на увото. Комбинирајте ја според тоа како ви одговара, а имајте ја предвид и бојата на вашата коса.rnrn
rnrnПрепорачливо е да избегнувате користење златни или жолти сенки во внатрешноста на увото, за тоа да не изгледа нечисто. Потоа, со помош на тврда четка додајте сјај колку што сметате дека ви е потребен.rnrn
rnrnНо, овој изглед дефинитивно не е наменет за секојдневието, па доколку сакате да го испробате, тогаш зачувајте го за некој посебен настан.rnrn
rn
2. Прецизна линија
rnСледниот начин на кој можете да го нашминкате вашето уво, е инспирација од Инстаграм профилот на Виолет Серет, односно од нејзината шминка која изгледа како да имате накит на увото. Користете го омилениот ајлајнер и прецизно повлечете линија што ќе ги следи неговите линии. Ваше е како сакате да го направите ова.rnrn
rnrnПотоа, земете водоотпорна сенка во розово-златна боја (или друга боја по ваша желба) и со мала четка нанесете врз исцртаната линија.rnrn
rnrnОвој изглед делува попривлечно од претходниот затоа што вака ќе добиете повеќе внимание. Од далеку изгледа како да носите накит, но од блиску луѓето ќе може да ја забележат вашата уметност.rnrn
rnrnСепак, обидете се со ова само доколку имате многу трпение и стабилна рака.rn
3. Манжетни на увото
rnОвој начин на шминкање е инспириран од изгледот на Том Печо на Ентони Вакарело во 2014 година и тоа не е особено тешко за да се постигне. Користете ајлајнер за да го обоите долниот дел од вашето уво.rnrn
rnrnМоже да додадете малку сјај, но не користете производи кои содржат масло, затоа што тие ќе ја уништат бојата.rnrn
rnrnОвој начин не одзема многу време, а изгледа привлечно.rnrn
rnrnПа, доколку сте храбри, испробајте го овој тренд и забележете како останатите ќе реагираат на вашиот нов изглед!