Ниските температури имаат големо влијание на нашиот сексуален живот, а научно е докажано дека шансите за љубов, романса и секс се поголеми во текот на зимските месеци. Прочитајте во продолжение зошто се случува тоа…rnrn
rn
1. Сите сакаме да бидеме на топло
rnИстражувањата покажуваат дека луѓето во текот на студените месеци учествуваат во помалку социјални настани, а изолацијата од социјалниот живот може да направи да мислиме дека ни е и физички постудено. Личноста со која можеме да уживаме во сексот ни помага да се чувствуваме потопло, како физички, така и психички.rn
2. За момците, девојките се попривлечни во текот на зимата
rnЕдно истражување што било спроведено во Полска дошло до заклучок дека мажите во текот на студените месеци сметаат дека девојките се попривлечни отколку во потоплите. Причината е сосема логична, девојките во текот на зимата се облекуваат слоевито, криејќи ја својата кожа од мажите кои пак едвај чекаат да ја „откријат“. Во текот на летото сѐ е поопуштено, па со оглед на тоа што мажите имаат поголем увид во разголеното тело на жените, интересот им е малку намален.rn
3. Мажите во зима се најмногу возбудени
rnУште една промена поврзана со годишното време – истражувањата покажуваат дека заради промената во начинот на спиење и временските услови, количината на тестостерон кај мажите е најголема во декември. Тестостеронот ја одредува и желбата за секс, заради што мажите се најмногу возбудени во текот на декември.rnrn
rn
4. Сите сме депресивни
rnНашите тела во текот на месеците со помалку сонце произведуваат помалку серотонин, па затоа и зимно време сме многу подепресивни. Со самото тоа, склони сме и кон барање на некој кој ќе нè направи посреќни.rn
5. Празничните реклами може да нè натераат да посакуваме љубов
rnРекламите со семејство, љубов и слични содржини, наменети да ги направат зимските месеци потопли, може да нè уверат дека ни е потребен партнер. Заради тоа во текот на зимските месеци луѓето почесто се одлучуваат за врска, за повеќе да се приближат на романсата која ја гледаат на рекламите.rnrnА, бидејќи е докажано дека студеното време ја зголемува романтиката, ви предлагаме 9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено.