КАФЕ ПАУЗА

Астрологијата ги открива женските карактеристики што на мажите им се најодбивни

Секој човек има свои предности, но секако и свои специфични одлики. Не дека е премногу важно, но ви откриваме кои се карактеристиките според астрологијата што секоја жена ги поседува, а на мажите баш и не им се допаѓаат.rnrnrn

Овен

rnНим секогаш им треба промена и мразат рутина. Со своето немирно однесување можат да ги разлутат луѓето околу себе, како и потенцијалите партнери.rn

Бик

rnЛуѓето родени во овој знак најчесто сами сакаат да одлучуваат за сè. Со негодување го прифаќаат мислењето од другите. За нив зборот компромис е непознат.rn

Близнаци

rnТие сакаат да „висат“ на телефон. Сеедно дали се работи за селфи, објава на Инстаграм или за најнов трач кој го делат во групата – нивната зависност од телефон ги одбива момците.rn

Рак

rnТие што се родени во знакот Рак всушност се родени за врски. Мажите често не го поднесуваат нивното мајчинско однесување па затоа и многу брзо „бегаат“.rn

Лав

rnЖените родени во знакот Лав знаат да бидат супер и тоа радо го покажуваат. Со тоа често им делуваат страшно на другите. Несигурните мажи брзо бегаат од ваквите жени.rn

Девица

rnДевиците често претеруваат со нивното барање дека сè мора да биде уредно и чисто. Најверојатно е дека одма би го исчистиле секој стан каде што живее некој маж, истиот момент штом влезат внатре. Тоа понекогаш е и практично, но на долг пат, може да предизвикува нервирање.rn

Вага

rnВагите се познати по тоа дека никогаш не можат да се одлучат. Тие би ги оставиле сите опции отворени, а тоа може да го разлути машкиот пол.rn

Скорпија

rnЕден непромислен збор на жените родени во знакот Скорпија може да предизвика страшна криза. Тоа ги ужасува многуте мажи.rn

Стрелец

rnЖените родени во знакот Стрелец многу брзо се вљубуваат, а уште побрзо после тоа сакаат да имаат свој слободен простор. Тешко се поврзуваат. Тоа ги збунува мажите, а често и самите жени со овој знак знаат и самите да се повлечат.rn

Јарец

rnСпонтан излет за викенд? За жените родени во овој знак тоа е невозможна мисија. За нешто такво тие мора да знаат барем една недела порано. Со својата неможност да бидат спонтани им одат на нерви на потенцијалните партнери, но и на сите луѓе околу нив.rn

Водолија

rnЖените родени во овој знак поверојатно е дека одма би испробале сè – сеедно колку е лудо. Мажите кои не се склони на експериментирање многу брзо можат да се исплашат.rn

Риби

rnТешко е да ги прочитате Рибите. Во еден момент сакаат да ја поминат секоја секунда со нивниот сакан, а после тоа одеднаш се повлекуваат во својата „куќарка“. Момците честопати не можат да се носат со тоа.rnrnПравилата се измислени за да се кршат: 4-те хороскопски знаци кои се најголемите бунтовници!