КАФЕ ПАУЗА

Сенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та година

Сенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та година

Доколку не сакате да преземате ризици во шминкањето и се држите до природниот изглед, можеби во 2019-та треба да станете похрабри. Трендовите што ќе бидат хит во 2019-та година се навистина храбри и „неприродни“. Ќе бидат популарни силните бои, па слободно можете да ја купите сенката за којашто долго сте сонувале.rn

1. Вистински бои

rnСенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та годинаrnrnНавистина е лесно да го постигнете овој изглед. Потребна ви е само сенка со силна боја што ќе ја нанесувате додека не добиете светла нијанса на очниот капак. Можете да одберете сина, розова, зелена и жолта боја, а не плашете се и да експериментирате со нијансите. Секогаш можете да додадете дефиниција со потемна боја.rn

2. Златни нијанси

rnСенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та годинаrnrnЗаборавете на сребрените и бронзените нијанси. Златната металик боја ќе биде хит во 2019-та година. Можете да нанесете златна сенка на вашите очи и да додадете малку светки.rn

3. Линии

rnСенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та годинаrnrnТушот во боја не е ништо ново, но најмногу ќе го гледаме во 2019-та година. Можете да направите долга линија за да го добиете изгледот „мачкини очи“, а можете и да нанесете малку боја само на вашиот капак за помодерен изглед.rn

4. Светки

rnСенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та годинаrnrnИ капаците со светки се наоѓаат на листата трендови за следната година. Доволно ви е само сенка за очи со светки и сјај за усни за да добиете совршен изглед.rn

5. Генијални линии

rnСенки за очи што ќе бидат хит во 2019-та годинаrnrnРазбудете ја вашата креативност. Нанесете само тенки линии со сенка на вашите капаци на необични места и ќе изгледате како вистинско ремек-дело.rnrnПогледнете и кои модели на фармерки ќе бидат најпопуларни во 2019-та година.