КАФЕ ПАУЗА

Градби што личат на нешто друго

Градби што личат на нешто друго

Автор: Ивана ГрујоскаrnrnСи беше еднаш една старица што живееше во чевел… сè додека група архитекти не одлучија дека чевлите не се прикладно место за живеење, па направија градби во вид на кошница за пикник, молекула, чајник и многу други.rn

1. Бензиска станица во форма на чајник

rnОваа необична станица се наоѓа во САД, во градот Зила, Вашингтон. Изградена е во 1922 година како политичка изјава. Изгледа како чајник, за да ги потсетува минувачите на скандалот кој избил за време на претседателството на Ворен Хардинг во врска со изнајмување владини нафтени резерви на приватни компании по неконкурентни цени од страна на секретарот за внатрешни работи Алберт Фол. Еден од нафтените резервати се наоѓал во близина на карпа во вид на чајник. Ова е основната порака што ја носи градбата, меѓутоа е тешко веројатно дека денешните патници гледаат во неа нешто друго, освен голем чајник.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

2. Куќата-полжав

rnДомот на оваа градба е Софија, Бугарија. Се градела близу 10 години и конечно е завршена во 2009. Идејата му припаѓа на сопственикот на зградата, некој бугарски специјалист за градби, кој е инволвиран во високобуџетни проекти во странство и затоа не сака да му биде откриено името. Тоа е 5-катен семеен дом, во форма на полжав со живи бои, со рогови на главата и пеперутки на грбот. Внатрешниот дизајн е комбинација од древен антички мебел од предците на сопственикот со смешни радијатори за греење во вид на жаба, бубамара или тиква. Куќата е една од најпопуларните атракции во Софија.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

3. Непостоечката дестинација

rnОваа градба ја претставува повторната замисла на Викторијанската ера. Инспирирана од работата на Жил Верн, ја претставува комбинацијата на викторијанската љубов кон комфорот и наметнувањето на нејзините вредности на примитивниот пејсаж на стариот и новиот свет и чистото верување во растечката благодет на технологијата. Оваа градба се наоѓа во Калифорнија, САД.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

4.  Градската библиотека во Канзас Сити

rnОва интересно здание е всушност ѕидот од паркинг-гаражата на градската библиотека во Канзас, САД. „Книгите“, чија просечна должина е 7,6 метри и висина 2,7 метри, се избрани според предлозите од читателите на библиотеката, од кои 22 наслови од различни жанрови биле одобрени за да станат дел од градбата.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

5. Зградата-кошница

rnОваа интересна зграда се наоѓа во Њуарк, Охајо, САД. Замисла е на основачот на империјата Лонгабергер, Дејв Лонгабергер, чија биографија беше најпродавана во делот на инспиративни приказни на пазарот. Компанијата Лонгабергер е американски производител на рачно изработени кошници од јаворово дрво, а нуди и разновидни производи за домот, како на пример керамика, ковано железо, додатоци од ткаенина и специјализирана храна.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

6. Атомиум

rnЕдна од оригиналните идеи на ЕКСПО во 1958 била да се изгради обратна верзија на Ајфеловата кула (свртена со врвот надолу), меѓутоа белгискиот инженер Андре Вотеркејн, сметал дека атомската структура повеќе ќе ја отсликува новата ера. Првично било планирано споменикот да стои само 6 месеци, но набрзо станал симбол, не само на Светскиот саем, туку и на модерната архитектура и на градот Брисел, каде што се наоѓа и ден денес. Споменикот останал неизменет речиси 50 години.rnrnГрадби што личат на нешто другоrn

7. Кривата куќа

rnОваа необична зграда се наоѓа во Сопот, Полска. Архитектот Залески бил силно инспириран од детските илустрации за бајки што ги креирал Јан Марчин Шанцер и од делата на Пер Далберг. Куќата е на три ката и е изградена така за во однос на околните згради да изгледа како да припаѓа во областа, но како да се стопила од исцрпеност. Лоцирана во шопинг центарот Резидент во Сопот, оваа зграда стана една од најфотографираните згради во целата држава.rnrnГрадби што личат на нешто другоrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.