КАФЕ ПАУЗА

Секоја фризура има своја симболика: Што стои зад фризурата „две плетенки“?

Симпатичното девојче со уште посимпатично име, Пипи Долгиот Чорап, е омилен лик од детството на многумина. Освен тоа, таа ја популаризираше фризурата која со задоволство ја носат голем број жени ширум светот дури и денес. Секако, станува збор за плетенките, кои покрај пегите беа заштитен знак на ова девојче.rnrnПипи Долгиот ЧорапrnrnПлетењето на косата на овој начин е многу стара техника на правење фризури, само што во минатото таа била во служба на уредностa и беспрекорниот изглед. Плетенките биле подигнати во пунџа или пак со нив се правеле венчиња околу главата. Во 20-тиот век тоа се сменило, а тие станале симбол за дивост и вечна младост. Многу познати жени, коi го одбележале тој период, ја носеле косата сплетена во две плетенки, по една на секоја страна.rnrn1-sekoja-frizura-ima-svoja-simbolika-shto-stoi-zad-frizurata-dve-pletenki-www.kafepauza.mk_rnrnМата Хари, најпознатата шпионка од почетокот на минатиот век, работела како танчарка за да ја скрие својата вистинска работа. Таа тврдела дека нејзината публика била повеќе маѓепсана од нејзините плетенки, отколку од нејзиното играње со колковите. Оваа фризура подоцна ја „позајмила“ Брижид Бардо, благодарејќи на што оваа француска убавица изгледала како „наивно девојче“.rnrn

Мата Хари
Мата Хари
rnrn
Брижид Бардо
Брижид Бардо
rnrnВо денешно време многу познати дами сакат да носат две плетенки во најразлични варијанти. Познати по многу „модни ризици“, Бијонсе и Рита Ора оваа фризура ја промовираа на свој начин. Кејт Мос на своите модни почетоци често се сликаше со две плетенки, како и некои од останатите модели.rnrn
Бијонсе и Рита Ора
Бијонсе и Рита Ора
rnrnДодека некои жени со оваа фризура ја буделе девојката во себе и изгледале наивно, имало и такви кои со нив ја откривале својата „интелектуална“ страна. Совршен пример за ова е Жилијет Греко, познатата француска пејачка на шансони и муза на многу сликари во егзистенцијализмот. Плетенките од неа правеле „интелектуална девојка и борец за рамноправност“.rnrn
Жилијет Греко
Жилијет Греко
rnrnМожеби единствен пример помеѓу познатите дами, кога двете плетенки имаат потпомогнато за злобен изглед, каков што требаше да има Венди Адамс, е Кристина Ричи во улогата на ќерка во познатиот филм „Семејството Адамс“.rnrn
Кристина Ричи во улога на Венди Адамс
Кристина Ричи во улога на Венди Адамс