Во салите за вежбање одат секакви луѓе, но овие ќе ги сретнете во секоја теретана.rnrnСтариот – Овие луѓе ги креваат тренерките до под гради, жестоко се напрегаат за време на тренингот, а всушност само мавтаат со тегчиња од по 1 кг. Нема разлика меѓу машката и женската верзија од овој тип.rnrn
rnrnЖител на теретаната – Овој тип речиси живее меѓу справите и теговите. Тој носи шорц и рамбовка со цел да се гледа што повеќе од неговата блескава депилирана кожа. Во неговата торба можеби не носи многу облека за тренирање, но затоа носи шишенце со креатин.rnrn
rnrnНовиот – Овие типови се забележливи од далеку. Тие не можат да сфатат како функционираат справите, ама храбро се обидуваат да дознаат. Неретко ќе ги видите како паѓаат од лентата за брзо одење. Новиот ќе го препознаете по новата опрема за вежбање за која очигледно платил мнооогу пари. Утредента сепак нема да го видите. Се исфорсирал, па сега има воспаление на мускули.rnrn
rnrnЗборувачката – Овој лик можеби нема да го препознаете по изгледот, но дефинитивно ќе го чуете од секој дел од теретаната. Таа трча на лента и задишано се дере во телефонот. Нејзината единствена задолжителна опрема се слушалките поврзани за нејзиниот смартфон.rnrn
rnrnИспотениот – Овој тип не може да си помогне себеси, едноставно премногу се поти. Иако никогаш не го заборава пешкирот, тоа не помага многу, па другите избегнуваат да ги користат справите после него.rnrn
rnrnЈогистката – Овие женски кои доаѓаат во групи, вежбаат јога или пилатес и одвреме-навреме се појавуваат во теретана за да покажат дека се вистински вежбачи. Тие се совршено облечени за средината од која доаѓаат, а овде ќе ги забележите заради ултракратките маичи и совршените хеланки.rnrn
rnrnНадуваниот – Овој тип го има најчесто. Тој ги прескокнал сите денови кога требал да вежба нозе, зашто премногу се посветил на раце и гради. Крева повеќе отколку што може, а оние околу него имаат впечаток дека во секој момент ќе прсне.rnrn
rnrnСамозалажувачот – Овој лик оди во теретана за да може да јаде и пие без грижа на совеста. Ќе вежба 15 минути на велосипед, а потоа се пресоблекува и го вади од шкафчето огромниот чоколаден калоричен шејк.rnrn
rnrnВоајерот – Овој лик ќе го забележите, сакале или не. Тој повеќе посматра отколку што вежба.rnrn
rnrnНарцисот – Овие ликови вежбаат, не дека не. Но тие значителен дел од тренингот посветуваат гледајќи се себеси во огледало и фаќајќи „селфи“ фотки на паузата помеѓу секоја серија. Во нивните мобилни, во секој момент можете да видите фотка од секое мускулче на нивното тело.rnrn
10 типови вежбачи кои ги среќавате во секоја теретана
