КАФЕ ПАУЗА

Еве кои придобивки ви ги нуди гумата за џвакање

Вашата дневна навика што се однесува до гумите за џвакање може да биде од огромна корист. Истражувањата покажале дека постојат голем број придобивки поврзани со гумите за џвакање. Изберете ги оние без шеќер и добијте неколку користи бесплатно.rnrnrn

1. Го намалува нивото на анксиозност

rnТестирањата покажале дека џвакањето гума секој ден во период од две недели, може значително да го намали нивото на анксиозност. Всушност, таа се намалува речиси неколку минути по џвакањето.rn

2. Ви помага да го подобрите расположението

rnПреку стимулирањето на протокот на крв и плунка, гумата за џвакање може да ви го подобри расположението. Бидејќи таа се поврзува со сетилата за вкус и мирис, може лесно да придонесе да добиете насмевка на вашето лице.rn

3. Го намалува нивото на кортизол, хормонот поврзан со стресот

rnЕдна од најдобрите придобивки коишто ги нуди гумата за џвакање е тоа што го намалува нивото на кортизол, познат како хормон на стресот. Истражувањата покажале дека овој хормон е помалку присутен во плунката, па еве ви причина плус зошто да ја користите гумата за џвакање.rnrnrn

4. Ги зголемува будноста и протокот на крв до мозокот

rnГумата за џвакање може да влијае на околу осум делови од мозокот, па затоа, привременото подобрување на вашата будност е ефект од џвакањето.rn

5. Ја подобрува меморијата и ви помага да останете фокусирани

rnИстражувањата покажале дека оние коишто џвакаат мастика може да задржат 10% повеќе информации од оние коишто не џвакаат. Па, вашиот ум ќе ви биде благодарен!