КАФЕ ПАУЗА

Ручек за 15 минути: Овие вкусни тортиљи ќе ве натераат да заборавите на доставата!

Подобро е да си направите сами ручек, отколку да порачате од некаде каде што не ни знаете што ставаат во оброците…

rnrn

Потребни состојки за два оброка:

rn

    rn 011

  • 1/2 лажичка маслиново масло
  • rn 011

  • 1 чешне лук
  • rn 011

  • 500 грама печурки по ваш избор
  • rn 011

  • 2 тортиљи
  • rn 011

  • Домати
  • rn 011

  • Зелка
  • rn 011

  • Пиперки
  • rn 011

  • Сол
  • rn 011

  • Црвен пипер
  • rn 011

  • Кумин
  • rn 011

  • Бибер
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnНајпрво исчистете ги и исечкајте ги печурките на тенки плочки. Но, никако немојте да ги миете со вода, туку исчистете ги со сува крпа или четка. Загрејте го маслото на тава и додајте го исечканиот лук, и кога малку ќе се спржне, додајте ги печурките заедно со солта, црвениот пипер, куминот и биберот. Ставете отприлика по еден прстофат од овие зачини.rnrnОставете ги печурките да се пржат околу 10-тина минути, сè додека не пуштат вода, а ако сакате да го забрзате процесот, можете да ставите и капак врз тавата. Додека печурките се пржат, исечкајте ги доматите, пиперките и зелката, па додајте ги во тавата и добро промешајте. Оставете да се пржи сè заедно околу 1-2 минути.rnrnЗагрејте ги тортиљите во друга тава, па поделете ја смесата со печурките на половина и наредете ја на нив, па замотајте ги. Вашиот ручек е готов! Добар апетит.rnrnЕсенски деликатес: Пробајте го и овој рецепт за печена тиква со спанаќ и горгонѕола!