Роденденот е еден од омилените денови во годината за скоро секое дете. Тоа е денот кога тоа е во центарот на вниманието, кога неговите желби се исполнуваат и кога добива барем некои од подароците што долго ги посакувало. Но, повеќе од сè, тоа значи заедништво и забава со другите луѓе, пријателите и роднините.rnrnСепак, многу деца ќе ги пропуштаат ваквите прослави овој период, но тоа не значи дека не можете да му овозможите на вашето дете роденден кој ќе го запамети, вложувајќи малку труд и креативност.rnrn
rnrnДозволете овие неколку идеи да ви помогнат да креирате прослава што нема да биде досадна.rn
1. Направете или нарачајте специјална торта
rnТортата е секогаш ѕвезда на роденденската прослава, а особено е важна во овој период од годината бидејќи ќе им даде на децата одредено чувство за нормална средина.rnrnПостојат бројни слаткарници кои сè уште ги испорачуваат своите производи на домашна адреса, така што лесно можете да нарачате торта каква што детето посакува.rnrnЗа среќа, има и многу рецепти на Интернет, па препуштете ѝ се на вашата имагинација. Пронајдете рецепт за торта за која знаете дека ќе ги најдете потребните состојки без поголеми проблеми, а во подготовката можете да го вклучите и вашето дете. Дозволете му да биде до вас и да ви ги додава потребните состојки. Да, тоа ќе предизвика голем неред во кујната, но сепак имаме време да исчистите, нели?rn
2. Што е со подароците? Нарачајте ги преку Интернет или создадете сами
rnИако претстојат економски неизвесни времиња, купете му на вашето дете барем 1 подарок.rnrnСепак, имајте на ум дека поради зголемената побарувачка на испораките до дома, на многу продавници им е потребно малку подолго време од вообичаеното, затоа навреме нарачајте го вашиот подарок.rnrnВо прославата, вклучете и домашните миленици и имајте „гости“ со роденденски капи на главите. Ако одлучите сами да ги направите, вклучете ги и децата.rn
3. Вклучете ги миленичињата и играчките во прославата
rnБидејќи на луѓето кои не се дел од непосредното семејство не им е дозволено да се собираат во домовите, големата прослава не е ниту опција, но може да дојдете до погодно решение кое ќе го израдува вашето дете.rnrnАко имате домашно милениче, не го запоставувајте, туку вклучете го во прослава. Ставете му и нему роденденска капа. Истото може да го сторите и со играчките, особено кадифените мечиња и куклите. Можете да ги ставите сите на креветот или на масата и да ги третирате како гости, а тоа ќе го расположи вашето мало детенце.rn
4. Побарајте од семејството и пријателите да испратат снимени честитки за роденденот на вашето дете
rnНеколку дена пред роденденот, замолете ги другарчињата на вашето дете (или нивните родители) да снимаат кратка порака во која ќе му го честитаат роденденот. Соберете ги сите снимки и креирајте роденденско видео.rnrnАко времето и обврските на другите го дозволуваат тоа, можете да се слушнете во живо преку некои платформи за дигитална комуникација на роденденот.rn
5. Смислете забавни активности што ќе го направат денот посебен
rnИако често забораваме кој ден е и поради ситуацијата сите ни се чинат исти, роденденот на вашето малечко нека биде малку поинаков. Осмислете барем неколку активности што ќе го направат овој ден специјален.rnrnУкрасете со светилки за посебна атмосфера, ставете шарени украси, направете вистинска мала тврдина во дневната соба.rnrnИ прославата може да започне! Среќен роденден!rnrnМожеби сакате да прочитате и за улогата на жената никогаш не била потешка и дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?