Пред само 1 месец, безгрижно водевме нормален живот. Сега, мајките се наоѓаат во ситуација кога треба да балансираат меѓу семејството, домот, емоциите, но и работата – сите во исто време.rnrn
rnrnПандемијата на коронавирусот ги смени буквално сите аспекти на нормалниот живот за многу кратко време. Пред само 1 месец, децата одеа на училиште, луѓето одеа редовно на работа, имаше рутина која беше сосема нормална за сите нас. Се будиме, се подготвуваме и ги извршуваме нашите редовни обврски. Сега кога сите сме дома и се обидуваме да се справиме и да издржиме во овој нов „нормален“ свет.rnrnЗа некои ‘среќници’ кои работат од дома, оваа нова нормала вклучува балансирање со работните обврски и емоциите поради социјалната дистанца. Сепак, мајките имаат уште многу други обврски и оптоварувања.rnrnСо години се тврди дека жените се, всушност, оние кои го одржуваат целото семејство и дефинитивно се емотивно презаситени.rnrnСепак, промените предизвикани од пандемијата го зголемуваат товарот.rnrnГувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го сфатил ова и решил да им се заблагодари на сите жени, особено на мајките и наставниците, што носат таков товар на грбот. Тој искажал длабока почит кон сите мајки и наставници, кон сите оние жени кои се грижат за децата, сфаќајќи колку е тоа стресно.rnrnСпоред него мајките веќе имаат огромен товар да го задржат семејството заедно. Покрај тоа, тие работат, а многу од нив се наставници, па затоа треба да организираат добро образование од далечина, истовремено справувајќи се со стресот и вознемиреноста додека се грижат за децата што ги обожуваат и на кои сакаат да им обезбедат сè што им треба.rnrnИ тој навистина не греши. Тоа е неверојатно тешко. Многу е потешко отколку во нормални услови, особено кога не го гледаме крајот на сето тоа. Мајките прават огромна работа – подучуваат, готват, чистат, ги забавуваат децата, се грижат за здравјето на најблиските, а притоа настојуваат да ги завршат своите работни задачи на најдобар можен начин.rnrnСе разбира, татковците учествуваат во сето тоа. Сепак, сме во општество во кое е јасно дека многу поголемо емотивно оптоварување носат мајките отколку татковците, во најголемиот број случаи. Меѓутоа, во моментите како овој, се чини дека татковците се фокусирани на нивната работа, додека мајките балансираат со сите домашни обврски, постојаната грижа за своите деца, работа која бара посветеност.rnrnОва е навистина стресно и фрустрирачко. Прашање е до кога сето ова ќе трае, но стравот дека може да дојде до влошување на ситуацијата прави да се чувствуваме уште полошо. На ова ја додаваме и потребата од продуктивност на работа, но и среќа и благосостојба на семејството, а сето тоа навистина ги преоптоварува емоциите.rnrnЕден факт, кој барем може да го олесни сето ова, е дека не сте сами, не само вие, не е така само во вашето семејство. Сите се чувствуваме исто, сите сме заедно во сето ова и веруваме дека ваквата ситуација набрзо ќе заврши.rnrnМожеби сакате да дознаете и зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени?rn
Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?
