КАФЕ ПАУЗА

Колку се искрени хороскопските знаци?

Колку се искрени хороскопските знаци?

Некои хороскопски знаци едноставно не знаат како да го сокријат нивното мислење или нивните ставови. Овие луѓе се секогаш директни и јасни со нивното однесување. Но, некои знаци е речиси невозможно да ги прочитате.rnrnКолку се искрени хороскопските знаци?rn

Овен

rnОвните се толку директни што можат да се наречат и најискрениот знак во зодијакот. Воопшто не се воздржуваат, дури и кога вистината е премногу болна и секогаш се подготвени да ги издржат последиците. Нивните обиди во дипломатијата и работната средина понекогаш се неуспешни бидејќи не знаат да премолчат одредени работи.rn

Бик

rnБиковите се приземјени, свесни и немаат потреба од глумење. Можат да бидат гламурозни или шармантни, но тоа е нивното вистинско лице. Луѓето кои се дружат со нив секогаш знаат на што се. Тврдоглавоста е една од најистакнатите особини на Бикот, а токму поради ова не може да лаже.rn

Близнаци

rnБлизнаците се познати по нивната дволичност, а со ова доаѓаат лажењето и преправањето. Близнаците знаат како да излажат, но овде најголема улога има нивната неодлучност и постојаното менување на мислењето. Преправањето е причината што овие луѓе можат да бидат навистина популарни.rn

Рак

rnНавистина се директни и отворени, а кога станува збор за нивните чувства, не им е страв да ги покажат. Понекогаш навистина сакаат да сокријат сè од светот, но Раковите едноставно не се такви.rn

Лав

rnПонекогаш Лавовите изгледаат како да глумат и како да кријат нешто под површината, но вистината е друга. Лавовите не сокриваат ниту еден дел од нив, дури ни најлошите нешта. Тие се горди на секој аспект од нив. Свесни се дека нивните мани и грешки се она што ги прави луѓе.rn

Девица

rnДевиците се токму онакви како што се претставуваат и немаат време за ставање маски. Понекогаш можат да кажат или да направат нешто погрешно, но немаат талент за глумење за да ја свртат ситуацијата во нивна корист. Ако од нив барате искрено мислење, ќе го добиете токму тоа.rn

Вага

rnВагите се создадени за преправање. Можеби причината е тоа што не можат да донесат одлука или тоа што очајно го бараат туѓото признание. Вагите сакаат да се однесуваат добро кон сите, па дури и ако некој не им се допаѓа, сепак ќе се обидат да се зближат со таа личност. Вагите не ги користат лагите за лошо, туку го прават тоа кога им е полесно да излажат отколку да кажат што навистина мислат.rn

Скорпија

rnАко некој не знае да глуми, тоа е Скорпијата. Овие луѓе се толку директни и искрени што воопшто не ги сакаат лажговците, дури и кога имаат добра причина за лажење. Кога се гневни, без проблем кажуваат што мислат. Кога одбираат пријатели, секогаш бараат искрени луѓе на кои им ги знаат сите мани.rn

Стрелец

rnСтрелците се толку искрени колку што сакаат и да глумат. Настојуваат да бидат директни, но ако се вознемирени ќе се воздржат од споделување на нивното мислење само за да заштитат некого. Емпатијата не им е силна страна, па понекогаш им е тешко да сфатат зошто некој се чувствува на одреден начин. Нив најважно им е да ги покажат своите чувства и да го изразат својот став.rn

Јарец

rnЈарците најчесто се искрени и кажуваат што мислат, освен ако не станува збор за нивната кариера. Тогаш можат да одглумат сè што се очекува од нив само за да ја постигнат својата цел. Глумата им е како дел од работата, а работата ја сфаќаат навистина сериозно.rn

Водолија

rnНа Водолиите не им е грижа за туѓото мислење, па воопшто не ни помислуваат на глумење или на лажење. Добро е што од другите не очекуваат да ставаат маски, а кога им се допаѓа некој, им се допаѓа поради неговото вистинско лице. Сметаат дека лажењето е само непотребно трошење енергија.rn

Риби

rnРибите сакаат да живеат во нивниот свет, па кога реалноста е комплицирана и тешка сакаат да глумат за побрзо да се извлечат оттаму. Можеби најголемата желба им е никогаш повторно да не се најдат во незгодна ситуација или во расправија. Рибите би лажеле со цел да ги задоволат другите околу себе и долго ќе ја одржуваат лагата наместо да се соочат со суровата вистина.rnrnOткријте што ве прави ужасна личност според хороскопскиот знак.