Овој едноставен, но многу ефикасен комплекс вежби кој можете да го практикувате дома, гарантира рамен стомак за две недели. Сѐ што ви е потребно за овие вежби е ѕид и добра волја.
Вежбите се статични што значи дека во секоја одредена положба треба да мирувате по неколку секунди. Лежејќи на грб, максимално вовлекувајте го стомакот при вдишување на воздухот и задржувајте го здивот 10-30 секунди. Секоја вежба правете ја по минимум 10 пати. Вежбите се погодни за сите возрасти, но важно е да се придржувате до следниот систем:rn
Прва вежба
rnЛегнете на грб, со нозете свртени кон ѕидот. Приближете се до ѕидот и потпрете ги нозете на него. Рацете нека ви бидат покрај телото, цврсто потпрени на подот. Потоа полека поткревајте го телото до каде што можете, потпирајќи се со стапалата на ѕидот. Задржете се во оваа положба од 10 до 30 секунди и вовлечете го стомакот.
rn
Втора вежба
rnИспружете ги нозете и потпрете ги на ѕид. Целата тежина нека ви биде во горниот дел од грбот. Долниот дел на грбот потпрете го со рацете. Потоа едната нога потпрете ја на ѕид, а со другата допрете ја својата глава. Тоа е еден вид шпага во воздух.
rn
Трета вежба
rnЦелиот заден дел, задникот и нозете, нека ви биде потпрен на ѕид. Полека со рацете пробајте да ги допрете прстите од нозете. Вежбајте од 10 до 30 секунди, еднаш со едната рака, потоа со другата.
rn
Четврта вежба
rnПотпрете ги нозете покрај ѕидот така што задникот и нозете ќе ви бидат прилепени на ѕидот. Потоа раширете ги нозете колку што можете и задржете ги во таа положба од 10 до 30 секунди.

