Секоја жена би требало да се грижи за интимното здравјето на соодветен начин. Тоа секако е полесно да се оствари доколку се придржуваме до правилата кои ги откриваат гинеколозите.rnrn
rn
1. Запомнете дека вие не сте гинеколог
rnБез разлика колку го познавате вашето тело и што ви одговара, немојте да се лекувате на своја рака. Во аптеките се достапни многу препарати во служба за лекување на вагиналните инфекции, но ве советуваме да не ги користите без препорака на гинеколог. Користењето лекови, вагиналети, масти и слично на своја рака може само да ја комплицираат состојбата.rn
2. Водете сметка при купување на долна облека
rnТанга или обични гаќички? Кога е во прашање ова, експертите имаат поделено мислење. Додека едни сметаат дека жените не би требало да носат танги, други немаат ништо против тоа доколку тие се удобни. Долната облека пред сѐ мора да биде удобна и не треба да биде тесна. Премногу тесните гаќички може да го иритираат интимниот предел, а со оглед на тоа дека се во контакт со анусот, постои и опасност од пренос на бактерии. Најважно е секојдневно да ја менувате долната облека, правилно да ја перете и да внимавате на хигиената.rn
3. Обилни менструации
rnДоколку вашата менструација трае повеќе од пет дена немојте да го занемарувате ова. Постојат жени на кои тоа им е природно, но доколку тоа не било случај со вас, а ви се случува менструација која е преобилна и трае подолго, обратете се кај гинекологот.rnrn
rn
4. Разговарајте со гинекологот во врска со болниот секс
rnАко чувствувате константна болка во текот на сексот, тогаш никако не треба да го криете тоа од вашиот доктор, бидејќи причините може да бидат работи како вагинални инфекции, фиброиди, миоми, ендометриоза или цисти.rn
5. Не воспоставувајте дијагноза за себе по пат на Интернет
rnПовеќето од нас се склони да ги „гуглаат“ симптомите и што тие значат. На овој начин можете да дојдете до разни, во поголем дел неточни заклучоци. Наместо на Гугл, симптомите кажете му ги на вашиот гинеколог.rnrnПрочитајте и неколку начини да ги спречите габичните инфекции.