КАФЕ ПАУЗА

Работи кои се менуваат во врската по неверство

Работи кои се менуваат во врската по неверство

Без разлика колку сте вљубени, ако еден од вас го изневери другиот, врската ќе помине низ некои промени. Луѓето најчесто изневеруваат бидејќи не им се исполнети потребите. Иако се верува дека мажите се оние кои почесто изневеруваат, едно истражување покажало дека и нема некоја разлика во бројките помеѓу половите. Разликата е тоа што жените изневеруваат кога се чувствуваат емоционално запоставени, додека мажите изневеруваат кога се чувствуваат сексуално запоставени.rnrnРаботи кои се менуваат во врската по неверствоrnrnИако ретко кој го оправдува неверството, грешки се случуваат. Дали вашата врска ќе преживее по нешто вакво зависи од вас двајцата и од вашата посветеност. Ако сепак се одлучите за уште една шанса, важно е да знаете дека ќе се случат некои промени…rn

1. Ќе се чувствувате оддалечени еден од друг

rnШтом вие или вашиот партнер сте направиле одлука да „излезете“ од врската, на изневерената личност ќе ѝ биде потребно време за закрепнување. Очигледно, ова ќе создаде далечина помеѓу вас. Од двајцата партнери зависи дали ќе можат да ја надминат оваа оддалеченост. Голема е веројатноста личноста која е изневерена да се чувствува предадено и да не може целосно да се вклучи во врската. Многу често оваа личност се повлекува. Ако партнерот кој изневерил сака навистина да се надмине проблемот, потребно е да му даде простор на другиот за да ги разгледа своите чувства.rn

2. Нивото на доверба ќе се промени

rnБез разлика под кои околности се случило неверството и колку неверниот партнер се обидува да ги исправи работите, изневерувањето целосно ја „убива“ довербата. Иако многумина сметаат дека довербата може да се врати, вистината е дека работите можеби никогаш нема да бидат исти. Неверството е нешто што секогаш ќе биде присутно, а секој кој ја поминал таа линија еднаш, ќе му биде полесно повторно да го направи истото.rn

3. Вашата самодоверба ќе се зголеми или намали

rnЧувствата кои ги имате за себе може да бидат под големо влијание од неверството. Во зависност од тоа на која страна се наоѓате, неверството може да ја зголеми или да ја намали вашата самодоверба. Кога некој изневерува, најчесто причината е тоа што се чувствува несакано, па брзиот резултат е зголемена самодоверба поради добиеното внимание. Но оваа самодоверба наскоро ќе биде заменета со вина. Дури и ако неверниот партнер се извинува и сака да „плати“ за своите постапки, изневерениот ќе се чувствува навистина лошо.rnrnОвие промени не значат дека врската нема да успее по неверството. Она што е важно е вие и вашиот партнер правилно да ги согледате проблемите. Разговарајте за вашите чувства и обидете се да го решите проблемот од корен. Продолжете со врската само ако навистина сметате дека го сакате тоа.rnrnДоколку сте преживеале неверство, погледнете што треба да направите.