Врз основа на резултатите од различни истражувања, психолозите смислиле едноставна, но ефективна вежба која ќе ви помогне да се чувствувате одлично и полни со живот.
Удобно наместете се на вашиот кревет, фотелја или кое било место кое вам ви е омилено. Затворете очи и замислете си блескав светлосен зрак како трепери пред вас. Замислете си како таа светлина ве опкружува и ќе почувствувате како полека ве обзема некое пријатно чувство и топлина.
После неколку минути, отворете ги очите и ќе забележите дека сте многу порасположени од претходно – тврдат стручњаците и објаснуваат дека после вежбата, ќе бидете сосема подготвени за новиот ден, бидејќи оваа активност е најдобриот лек против депресијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

