Познато е дека мозокот никогаш не спие, дури ни кога спиеме. Но, за среќа сепак постојат неколку начини за тој да се одмори и стимулира. Со стимулација се подобрува неговата работа, а одморот е одличен начин да се смириме и да му го овозможиме потребниот третман. На мозокот му е потребна секојдневна позитивна стимулација. Романскиот неврохирург открива на каков начин се постигнува тоа.rnrn
rn
„Како неврохирург, често гледам тага на лицата на моите пациенти. Неврохируршките интервенции ги плашат повеќе од самиот проблем. И тоа е нормално. Мозокот не е орган кој можеме да го контролираме. Можеби не знаете, но и на мозокот му се потребни одмор и внимание.“
rnЗа време на празници или одмор, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме и пиеме претерано, седиме на компјутер до доцна во ноќта, пушиме, пиеме многу кафе… Мозокот никогаш не спие, но постои некој начин да се одмори и стимулира. На мозокот му е потребен позитивен поттик.rnrnНеврохирургот препорачува спиење без мобилен телефон во близина. Наутро прво да се погледне во небото или едноставно да се ужива во погледот низ прозорецот за да се стимулираат визуелните центри. Негова препорака е да слушате музика што ќе ви го подигне расположението и да испиете една чаша вода веднаш после отворањето очи од сабајле.rnrnЈадете умерено бидејќи желудникот го оптоварува мозокот. Се препорачува и пиење црно вино бидејќи тоа помага при чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате со алкохолот бидејќи тој ги напаѓа нервните клетки.rnrnНамалете го гледањето телевизија. Златното правило за одморен мозок е тишина! Одвојте време за уживање во тишина за да ги средите своите мисли. И за крај – секој ден дозволете си радост бидејќи радоста е вистинска храна за мозокот!rnrnДознајте како влијае постојаното седење врз вашиот мозок.