Доколку вашата соба или дом не зрачи со топлина и енергија, не вознемирувајте се. Со овие неколку трикови брзо и лесно можете да го трансформирате во вистински пролетен рај.
rn
1. Пресонализирајте го просторот
rnПовикувањето на луѓе во вашиот дом значи и отворање на вратата на вашата интима. Затоа наредете неколку ваши драги предмети на видно место, како на пример омилените книги, колекција плочи и слично. Сепак треба да внимавате, бидејќи тенка е границата помеѓу оставање личен печат и натрупување на просторот. Доколку сакате да се пофалите со одредени интересни предмети, погрижете се тие да бидат убаво распоредени низ повеќе делови од просторот. Тоа е многу подобро, отколку да направите хаос во едно ќоше од домот.rnrn
2. Дозволете сонцето да продре во просторот
rnРаширете ги завесите и дозволете сонцето да ви го наполни домот со позитивна енергија. Исто така, дозволете да влегува и свеж воздух во просторот, па редовно проветрувајте.rnrn
3. Одлучете се за една боја
rnЗа да направите релаксирачки будоар, експертите советуваат бојата на ѕидовите, подот и плафонот да бидат во иста нијанса. Ако се држите до еднобојна шема, ќе ги одбегнете незгодните граници помеѓу различните бои, а просторот ќе изгледа визуелно поблизок, како и поотворен и слободен, велат експертите. Белата, сината и сивата боја делуваат смирувачки, па се препорачливи особено за спална соба.
rn
4. Внимателно одбирајте ламби
rnЗаборавате на ламбите кои се целосно изработени од метал или кои даваат придушено светло. Тие изгледаат многу ладно и стерилно. Наместо тоа одберете нежни варијанти и природни материјали. Стаклените лустери ќе му дадат посебен шмек на вашиот простор.rnrn
5. Набавете големи, меки перници
rnНеколку перници од мазни и пријатни материјали како што е памукот ќе додадат топлина во вашиот дом, а ќе ви бидат корисни во текот на целата година. Направете ги поголеми, но не целосно полни за да можете да пропаднете во нив.rnrn
6. Бушави черги
rnМногу важно за секој дом е како другите луѓе се чувствуваат кога ќе влезат во него. Идеално решение за да му дадете топлина на вашиот ладен под се бушавите черги, кои одлично прилегаат во секој дом.
rn
7. Одберете прекрасен букет
rnСекој додаток од природата, особено цвеќињата, визуелно ќе го направи вашиот дом позитивен.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
