Според податоците од 16.000 жени собирани во текот на 21 година, постои поврзаност помеѓу траењето на репродуктивниот период на жената и очекуваниот животен век.rnrn
rnrnСпоред резултатите, жените кои првата менструацијата ја добиле после 12-тата година, а во менопауза влегле после 50-тата, имале поголеми шанси да доживеат 90 години. Научниците истакнале дека просечната возраст на која жената влегува во менопауза е 51 година, односно во зависност од разните фактори, тоа е периодот помеѓу 40-тите и 50-тите години од животот.rnrnКај оваа група жени биле забележани многу помалку кардиоваскуларни проблеми, а во третата животна доба влегле витални и со добро здравје, нешто што би ја објаснило нивната долговечност.rnrnНаучниците исто така истакнале дека жените со подолг живот не пушеле, а пушењето може да влијае на предвременото започнување нам менопаузата. Исто така кај овие жени немало знаци за развој на дијабетес тип 2. Кај жените пушачи, менопаузата може да настапи една до две години порано за разлика од жените кои не пушат.rnrnДруго истражување во кое учествувале 124.000 жени покажало дека касната појава на менопаузата, односно после 55-тата година, го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 12%. Кај жените кои влегле во менопауза помеѓу 46-тата и 55-тата година, опасноста била многу помала.rnrnОпшто гледано, возраста на којашто жената ќе влезе во менопауза е индивидуална и на ова влијаат многу фактори, а еден од најважните е начинот на живот. Имено, здравата исхрана, хигиената и квалитетот на животот го забавуваат почетокот на менопаузата.rnrnАмериканските научници истакнале дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди на кој начин генетиката, околината и начинот на живот ја објаснуваат поврзаноста на плодниот период на жената и нејзиниот животен век.rnrnПогледнете и како можете да ја спречите предвремената менопауза.
Истражување: Менопаузата можеби влијае врз животниот век на жените
