КАФЕ ПАУЗА

Професионални совети за шминкање

Професионални совети за шминкање

Интернетот е преплавен со талентирани и помалку талентирани девојки кои објавуваат разни туторијали за шминкање и некои од нив се навистина одлични. Но, колку и да се придржуваме до упатствата и советите, не ги добиваме секогаш истите резултати, а некогаш не сме ни приближно до изгледот што го посакуваме. Сигурно ви се случило еднаш да успеете совршено да нашминкате „зачадени очи“, а веќе наредниот пат да изгледате како да не сте спиеле со денови. Овие професионални совети ќе ви помогнат да ги подобрите вашите вештини за шминкање и секогаш да изгледате совршено.rnrn

1. Потрошете некој денар повеќе на потребните алатки

rnГолем дел од професионалните шминкери нагласуваат дека алатките во комбинација со продуктите кои ги користиме се подеднакво важни како и способностите кои ги поседуваме. Па така, ако користиме просечни четки, просечна шминка и имаме просечни способности, само со подобрување на квалитетот на четките и шминката, без да ја надградиме техниката на шминкање, резултатите се веднаш драстично подобри.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

    rn011

  1. Четка за пудра во прав
  2. rn011

  3. Четка за руменило
  4. rn011

  5. Четка за изедначување и мешање на сенките за очи
  6. rn011

  7. Четка за нанесување сенка за очи
  8. rn011

  9. Четка за прецизен агол
  10. rn011

  11. Четка за нанесување кармин
  12. rn

rnКога веќе ги имаме соодветните четки, треба да знаеме и правилно да ги држиме и користиме. Во суштина, начинот на кој ја држиме четката влијае врз јачината на шминката. Па така, ако ја држиме четката поблиску до самиот врв тогаш нанесуваме шминка со поголем притисок и изгледа појако со посилни бои, и обратно. За изедначен изглед најдобро е четката да се држи на средината на рачката.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

2. Ефектот на „маска“ може лесно да се избегне

rnrnСите го знаеме основното правило дека пред да ја нанесеме течната пудра секогаш мора прво да ја нанесеме нашата крема за лице. Кремата ни овозможува заштита во текот на целиот ден и многу поизедначен тен отколку кога би нанеле само пудра. Но, доколку и покрај ова правило сè уште се борите со ефектот на маска, тогаш ова трикче ќе ви биде омилено. rnrnСлободно измешајте ги кремата за лице и пудрата на едно место пред да ги нанесете! Вашата пудра многу подолго ќе трае, а ефектот е далеку поприроден. Ова особено е корисно при секојдневното шминкање кога немаме потреба од тони шминка, а сепак сакаме доволна покриеност на нашите мали маани.rnrnСовет плус: девојките со мрсна кожа треба да ја нанесуваат течната пудра со помош на сунѓерче. На тој начин, потребната текстура од пудрата што ни треба за прекривање на недостатоците се задржува на сунѓерчето и се пренесува на нашата кожа, а непотребните масла од самата пудра се избегнуваат.rnrn

3. Научете правилно да ги користите боите

rnrnЗа секој недостаток постои решение! Иако мислиме дека не постои начин да ги покриеме огромните подочници или црвенилото на образите, всушност тука лежи магијата на професионалната шминка. За сите несакани бои кои ги има на нашето лице постои боја која ги неутрализира. Па така, коректорите со зелени пигменти помагаат да се скрие црвенилото на лицето, а портокаловите коректори помагаат да се отстранат сините нијанси од подочниците.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

4. Обликот и цртите на лицето можат визуелно да се променат

rnПравилното исцртување на контурите на лицето заедно со играта на светлината низ потемни и посветли нијанси, навистина може драстично да ни го смени изгледот. Со помош на нијансирањето го нагласуваме она што ни се допаѓа, а го сокриваме она што смета. Правилото е: нијансите коишто се посветли од самата кожа истакнуваат, а потемните нијанси визуелно го намалуваат или стеснуваат местото.rnrnДоколку сакате малку да го издолжите обликот на вашето лице сè што треба да направите е да исцртате „3“ преку двете страни на вашето лице со помош на бронзер. И тоа, започнувате од едната слепоочница, преку вдлабнатиот дел на образите и до долната вилица. Ако мислите дека вашиот нос е премногу широк, повлечете две потемни, тенки линии од двете страни почнувајќи од местото каде што се спојуваат веѓите надолу, а во средината нанесете посветла нијанса.rnrnПрофесионални совети за шминкањеrnrn

5. Нагласете ги очите со помош на вистинските нијанси

rnrnДоколку спротивните бои ги ставиме една над друга, како на пример коректор со зелени пигменти над црвенило, тогаш тие меѓусебно се исклучуваат. Но, доколку се постават една до друга, тогаш меѓусебно се нагласуваат што е особено важно кога сакате да изберете најдобра нијанса на сенка за вашите очи.rnrnЗелените очи најдобро се истакнуваат со црвени нијанси, но бидејќи црвената не изгледа најдобро како сенка, одлична алтернатива се темните нијанси на вино. rnrnСините очи одлично се нагласуваат со сенки во златни нијанси или праска. rnrnКафените очи се неутрални и на нив одговараат сите нијанси, но најдобро ги истакнуваат сините и виолетовите нијанси.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.