11 луди начини на кои времето влијае врз вашето здравје и расположение

Сподели

Сè почесто секојдневните разговори на луѓето започнуваат со тоа какво е времето. „Денес е претерано топло. Не се дише.“ „Не е нормално времево! Вчера сонце, денес се растури од врнење.“ „Ме боли главата нешто, изгледа ќе се менува времето.“ Сигурно и вие сте употребиле некоја од овие реченици кога не сте знаеле како да започнете конверзација. Можеби се сметате себеси за метеопат затоа што секоја промена на времето се одразува на вашето здравје и расположение. Не сте далеку од вистината. Според повеќе истражувања, температурата и временските услови имаат директно влијание на вашето физичко и психичко здравје. Доколку заедно со промената на времето почувствувате промена и во вашето дејствување, тоа дефинитивно не си го замислувате. Еве на каков начин температурата надвор може да влијае на вашето здравје и однесување:

Реклама

rn

Пониските температури го подобруваат сонот

rnНајубаво се спие во посвежа средина. Идеалната температура за спиење е од 15 до 20 степени Целзиусови. Тоа е така затоа што кога телесната температура се снижува, мозокот почнува да се подготвува за спиење. Спротивното се случува кога станува збор за потопли и повлажни климатски услови. Бурите исто така можат да му наштетат на квалитетот на сонот поради буката што ја предизвикуваат.rn

Екстремните временски услови може да доведат до психолошки проблеми

rnКај луѓето кои живеат во области изложени на екстремни природни појави како урагани и цунами, постои поголем ризик да се развијат психолошки нарушувања. Самата појава е трауматична, но и последиците од настанот оставаат долготрајни последици.rn

Дождот ги влошува алергиите

rnСо доаѓањето на пролетта, многу луѓе почнаа секојдневно да се соочуваат со кивавици предизвикани од алергии. Ако и вие го имате овој проблем, тогаш сигурно знаете дека кога времето е влажно алергиите стануваат уште полоши. Дождот го отстранува поленот, но ветерот прво ги разнесува честичките од полен и ги раширува алергените пред да ја исчисти околината.

rn

Сончевите денови го подобруваат расположението

rnОва нормално не се однесува на сите, но веројатно сте забележале и самите дека ако се разбудите и надвор здогледате сонце, веднаш се чувствувате многу подобро отколку кога ќе видите облачно и тмурно време. Според едно истражување направено на Универзитетот во Мичиген, луѓето кои поминувале барем половина час надвор на убаво време биле подобро расположени од останатите.rn

Зимата влијае на менталното здравје

rnМенталните здравствени проблеми поврзани со депресијата најчесто се појавуваат во текот на зимата кога деновите се пократки и потемни. Околу 10 милиони луѓе годишно се соочуваат со тага, анксиозност и промена на расположението во зимските месеци. Според Мишел Риба, професор по психијатрија и директор на центарот за депресија при Универзитетот во Мичиген, доколку ова се случува секоја година, препорачливо е да се побара стручна помош.rn

Голема жештина може да доведе до здравствени последици

rnВисоките температури го зголемуваат ризикот од дехидратација и топлотен удар кои може да доведат и до посериозни последици. Летото е на прагот, што значи дека нè очекуваат уште многу жешки денови. Внимавајте во кој период од денот излегувате и секогаш со себе носете шише вода.rn

Крвниот притисок е понизок во лето

rnНе е воопшто чудно што се чувствувате пооопуштено во лето. Крвниот притисок се спушта во текот на оваа сезона поради промената на атмосферскиот притисок. Спротивно на тоа, крвниот притисок е повисок во зима затоа што ниските температури ги стеснуваат крвните садови.

rn

Умерените климатски услови се поврзуваат со поголема радост

rnВремето со умерена температура значи подобро расположение. Не е многу тешко да се донесе ваков заклучок бидејќи нормално е дека на телото најмногу му годи кога не му е ниту топло ниту ладно. Освен тоа, потоплото време нуди повеќе можности за активности кои можат да се прават надвор.rn

Покреативни сте кога е топло

rnДоколку поминете некое време надвор на убав пролетен ден, вашето креативно размислување може да доживее значителен напредок и развој. На тој начин вие го прочистувате вашиот ум од лоши мисли и ослободувате простор за нови идеи и подвизи.rn

Високите температури ја зголемуваат желбата за секс

rnРезултатите од повеќе анализи покажале дека бројот на новороденчиња е 10% поголем во месец март, што значи дека зачнувањето се случило некаде околу јуни. Истото истражување открило дека нивото на тестостерон кај мажите и овулацијата кај жените биле значително зголемени во овој период.rn

Веројатноста да се разболите е поголема кога времето е поладно

rnИ покрај тоа што можете да настинете во секој период од годината, има неколку фактори кои ја зголемуваат веројатноста да се разболите во зима. Според некои истражувања имунитетот се намалува во постудените месеци поради тоа што се менува вашата ДНК, што обично се случува при промена на годишните времиња. Освен тоа, повеќе време поминувате затворени дома што значи дека сте изложени на поголем број разни бактерии.

Добрите вести се дека летото само што не започнало, а тоа значи сончеви денови, убаво време, зголемена креативност и добро расположение.

Популарно

Може ќе ве интересира