КАФЕ ПАУЗА

Прочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од кревет

Written by

in

,

За сите оние моменти кога умот ви делува потежок од вашето тело, кога мислите ви ги парализираат нозете и на срцето полека му снемува биења – запомнете го ова!rnrnПрочитајте го ова ако не можете да се натерате да станете од креветrnrnЗапомнете дека сè уште има цел за вас во овој свет, дека сè уште сте тука со причина, дека вашата приказна не е завршена и дека не смеете да се откажете од себеси. Вие мора да се борите за себе и да ја завршите вашата приказна, мора да го најдете вашиот вистински повик и да бидете активно вклучени во животот бидејќи сè уште има место за вас во овој свет!rnrnЗапомнете дека некој се смее само затоа што знае дека сте тука. Вие некому му го разубавувате денот, и правите да се чувствува како да има за што да се бори низ тешките денови. Нечиј свет е подобар бидејќи вие сте во него.rnrnЗапомнете дека постојат луѓе што сè уште веруваат во вас и мислат дека сте способни да ги постигнете вашите цели. Некој сè уште навива за вас, верува во вашите таленти, детали, креативност, во умот и во вашето срце. Некој гледа во вас нешто што вие сè уште не можете да го видите во себеси.rnrnЗапомнете дека вашиот збор е важен. Вие сè уште имате право да кажете каков сакате да ви биде животот, но и покрај тоа што немате контрола над сè, тоа е доволно за да се насочите во вистинската насока. Вие сè уште имате избор. Сè уште можете да одберете различен пат, различна насока што ќе ви помогне да се смените. Вие сè уште можете да одберете да бидете среќни!rnrnЗапомнете дека никогаш порано не сте се чувствувале вака, дека сте преживеале тешки денови со скршен дух, трагедии и болка, но секогаш сте наоѓале начин да најдете излез, секогаш сте знаеле како да почнете од почеток, секогаш сте знаеле како да се составите од парчињата што ви останале. Можете сè да направите одново. Вие отсекогаш сте биле борци, биле посилни од сите пречки што животот ви ги поставил пред вас и сте биле похрабри од вашите стравови.rnrnЗапомнете дека иако денес можеби не можете да се натерате да станете од кревет бидејќи светот одеднаш ја изгубил смислата во вашиот ум, утре е сосема нов ден и ќе имате нова шанса да ја пронајдете повторно светлината. Можеби токму утре ќе сретнете некој или ќе дознаете нешто што целосно ќе ви го промени животот, засекогаш. Запомнете дека утрешнината никогаш не ја губи моќта да ви го промени животот.rnrnЗапомнете дека со тек на време, сè полесно ќе ги надминувате овие лоши денови. Теговите нема да ви бидат толку тешки и ќе можете самите да си се носите. Утре вие ќе сфатите дека сè уште сте тука, со причина, и ќе научите како да живеете. На тој начин ќе сфатите и дека светот не е толку лошо место колку што сега ви изгледа.