Со оглед на тоа што есента веќе пристига, време е и да ја збогатиме нашата гардероба со нови бои. Оваа година модните дизајнери предложиле 5 бои кои имаат моќ да го подобрат лошото расположение и да ви помогнат полесно да се адаптирате на потемните есенски денови. Доволно ви е само едно парче во следниве нијанси со цел да бидете вистинска есенска девојка во тренд.rn
1. Маслиново зелена
rn
rnrnПокрај сувите лисја и бакарната боја на природата за време на ова годишно време, маслинесто зелената боја има најголема моќ да го внесе духот на есента во вашиот шкаф. Иако оваа боја е многу популарна и лесна за комбинирање, сепак имајте на ум дека не му стои секому. Но, доколку имате зелени очи и црвени нијанси на вашата коса, тогаш треба да има што повеќе модни парчиња во оваа боја.rn
2. Корално црвена
rn
rnrnБез разлика дали станува збор за маица или пантолони, доколку ја носите оваа боја нема шанси да останете незабележени. Каде и да се наоѓате. Таа е одлична за облачните и врнежливи денови бидејќи ќе ви врати малку од боите на летото во вашиот живот.rn
3. Вино боја
rn
rnrnОваа темна, опуштена и елегантна боја може да биде вистинско освежување во вашиот стил бидејќи е една од најпопуларните есенски бои и веќе втора година по ред е апсолутен хит на модните писти.rn
4. Сина и тегет
rn
rnrnИзгледа овие две бои никогаш нема да излезат од мода. Со оглед на тоа што се лесни за комбинирање, тие се едноставно незаменливи. Единствено треба да обрнете внимание со нив секогаш да носите некои посветли детали.rn
5. Боја како мов
rn
rnrnСлична на маслинестата зелена боја, оваа година бојата на мовта целосно ги освоила модните писти. Таа е особено добра за оние девојки кои имаат маслинест тен, како и потемна коса бидејќи нијансата совршено одговара со овие бои. Од друга страна, таа добро стои и со различни нијанси светло кафеава.
