Американскиот фотограф Навид Барати нѐ носи на виртуелно патување во вселената преку неговите неверојатни космички сцени кои ги создава со секојдневни состојки како што се сол, цимет или кафе. Имагинативниот фотограф ги става овие состојки на фотографски скенер чиј капак го остава отворен. Барати смета дека неговите фотографии доаѓаат од една измислена вселенска сонда која ја нарекува „WANDER“, која била испратена за да се истражува универзумот. Но, вистинскиот истражувач е самиот Барати, кој продолжува да ги предизвикува бесконечните царства на имагинацијата, експериментирајќи со обичните, земјени материи за да ја генерира неговата фантазмагорична уметност.rnrn
Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат












