Во светот постојат само 2,5 милиони луѓе кои се родени со оваа состојба. За жал, мнозинството од нив не живеат подолго од 24 часа. Криста и Татјана Хоган се родени во октомври 2006 година. Нивните мозоци се поврзани со таламичен мост, а ова ги прави навистина уникатни.
Тие ги делат чувствата за допир, вкус, па дури и можат да ги контролираат своите екстремитети. Татјана може да гледа и низ очите на Криста. Таа исто така може да контролира 3 раце и 1 нога. Криста може да гледа само од едното око на Татјана, а може да контролира 3 нозе и 1 рака.
Она што е уште поневеројатно е тоа што близнаците имаат самостојна контрола над нивните екстремитети, а може да менуваат помеѓу нивните сензорни и моторни сигнали кога ќе посакаат. Исто така има видливи знаци дека тие комуницираат невербално, односно преку сопствените мисли. Сепак, иако близначките можат да си ги читаат мислите и можат да ги контролираат екстремитетите една на друга, тие имаат навистина различен карактер.
Татјана е навистина разговорлива и отворена, додека Криста е тивка и поопуштена. Поради нивната феноменална поврзаност, овие близнаци никогаш не можат да бидат разделени бидејќи ризикот од смрт е премногу висок. Погледнете го следното видео каде што подобро ќе ги запознаете овие неверојатни девојчиња.
https://www.youtube.com/watch?v=WKwT1Ol3nY0
Погледнете и некои од најретките и најбизарните медицински феномени.

