Доколку имате навика да го чепкате лицето, знаете колку лесно може да ви засмета некоја нерамнина, па од незабележителна акна или црнка да направите рана, а потоа и дамка која не исчезнува. Иако не ве поддржуваме во оваа навика, ако сепак некогаш ви се појави лузна од чепкање на лицето, оваа едноставна природна маска ќе ви помогне да го вратите неговиот еднаков изглед.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn011
- 1 кафена лажичка мед
- 1 кафена лажичка цимет (или 2 капки етерично масло од цимет)
rn011
rn
rn
Начин на подготовка, користење и чување:
rnДобро измешајте ги медот и циметот и од добиената смеса нанесете на проблематичните делови на лицето. Оставете да делува 20-25 минути, а потоа исплакнете се со вода. Остатокот од подготвената смеса можете да го чувате во фрижидер 4-5 дена. Потоа треба да направите нова.rnrnОваа маска можете да ја нанесувате и на целото лице, но во тој случај, држете ја само 10 минути.rn
Контраиндикации:
rnМедената маска со цимет не им се препорачува на лицата кои страдаат од купероза, розацеа и други васкуларни заболувања на кожата, бидејќи медот дополнително ги жири крвните садови.rnrnКако замена за мед може да послужи и бела или зелена глина. И во тој случај се меша со цимет во прав во ист сооднос, а потоа се разблажува со вода до посакуваната густина.rn
Алтернативен третман на дамките на лицето со микс од етерични масла
rnЕтеричното масло од чајно дрво помешано во еднакви пропорции со етерично масло и лаванда и сок од лимон (1:1:1) исто така делува ефикасно во отстранувањето на дамките од лицето настанати како последица на акни и црнки.rnrnМешавината се нанесува на проблематичните делови од лицето и се остава да делува 15 минути. Потоа се отстранува со влажно марамче. Се применува секој втор ден, а по едномесечно користење, дава одлични видливи резултати.
