КАФЕ ПАУЗА

Преку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или не

Преку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или не

Можеби се прашувате дали воопшто постои причина да се сомневате во такво нешто. Сепак, алергијата на алкохол е почеста отколку што некои мислат токму поради тоа што ги игнорираат нејзините симптоми. Затоа, важно е да бидеме свесни како нашето тело реагира на алкохолот.rnrnПреку кои знаци ќе откриете дали сте алергични на алкохол или неrnrnНајверојатно терминот „мамурлак“ им е добро познат на сите. Но, што ако се чувствувате болки како силно чукање на срцето, немир, дехидратација, а притоа не сте внеле големи количества алкохол во организмот?rnrnНетолеранцијата на алкохол подразбира помалку штетни несакани ефекти како што се чешање, затнат нос, гадење и дијареја. Од друга страна, алергиите предизвикуваат потешки симптоми како отежнато голтање, низок крвен притисок и силно чукање на срцето.rnrnЗатоа, важно е да се направи разлика помеѓу овие две работи. Анализирајте ги вашите симптоми и разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви даде точна дијагноза. Притоа, не се исклучува можноста да бидете алергични и на некои состојки кои се содржат во одредени алкохолни пијалаци како квасец, глутен, хмељ и слично. Тоа значи дека можеби сте алергични на само една специфична состојка која се наоѓа, на пример, во пивото.rnrnДруг симптом е отекување на лицето, па затоа внимавајте бидејќи може да биде исклучително опасен. Покрај тоа, не смеат да се занемарат и отежнатото дишење и нападите на кашлање. Ова е особено важно за луѓето кои имаат проблеми со астма и чести настинки.rnrnДруги симптоми кои можат да се појават се црвенилото и потењето. Сето тоа се јавува како резултат на неможноста на телото да го метаболизира алкохолот. Треба да внимавате и доколку вашето срце почне да чука побрзо и ако температурата на телото се зголеми бидејќи во тој случај црниот дроб нема да може да ја контролира концентрацијата на алкохол во вашето тело.rnrnОткако прочитавте преку кои знаци можете да утврдите дали сте алергични на алкохол или не, можеби ќе сакате да прочитате и за природниот сок што ги ублажува симптомите на алергија.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr