Дали сте забележале како понекогаш се нервирате за некои работи кои подоцна ви делуваат неверојатно смешни? Или, пак, премногу посветувате внимание на непотребни нешта кои излегуваат дека се потполно незначајни? Не сте единствени. Сите ние имаме некои свои бубачки поради кои често се оптоваруваме многу повеќе отколку што треба, па што би се рекло, правиме од мравка слон. Доколку се пронаоѓате во ова, тогаш време е и вие конечно да промените некои свои навики. Започнете со следниве. Престанете…rnrn
rn
1. Да планирате средби со луѓе кои всушност не сакате да ги видите за да правите работи кои не сакате да ги правите
rnЖивотот е премногу краток за да губите време на луѓе кои не ги сакате во вашиот живот нели?rn
2. Да се трудите секогаш да облечете исти чорапи
rnНа крајот на денот, навистина воопшто не е важно дали чорапите се иста боја или не.rnrn
rn
3. Да се грижите дали ќе го/ја најдете вистинскиот/ата
rnИронично е што, во поголемиот број случаи, токму кога престанувате да трагате по нешто, тоа се појавува неочекувано пред вас. Уживајте во секој момент, а сè друго ќе си дојде на свое место.rn
4. Да се нервирате поради малку лајкови на социјалните мрежи
rnМожеби за промена би било поубаво доколку навистина излезете со пријателите на кафе и си помуабетите.rnrn
rn
5. Да се плашите дека пропуштате многу
rnСигурно се случило да има две места на кои би сакале да бидете во исто време, но мора да одберете едно, па се чувствувате дека пропуштате многу во меѓувреме. Но навистина не е така. Има причина зошто сте го одбрале местото на кое се наоѓате. Поминете си убаво.rn
6. Да се обидувате да изгубите само уште некој килограм
rnПостојаната оптовареност со тежината влијае лошо на психата, а на крајот на краиштата, многу работи се повкусни од вкусот на коска и кожа тело.rnrn
rn
7. Да носите чевли кои не се удобни
rnВистина е дека за убавина се поднесува многу, но неудобните чевли кои ви предизвикуваат огромна болка само ќе влијаат негативно на што и да правите.rn
8. Да се чувствувате лошо поради спиењето до доцна за време на викендите
rnСекој заслужува одмор нели?rn
9. Да се однесувате како што вашите блиски очекуваат
rnНикој не е совршен, па не е логично да мислите дека треба да се однесувате така. Фактот дека се однесувате поинаку од она што тие сметаат дека е правилно, не значи дека вашето однесување е погрешно.rn
10. Да јадете безглутенска храна
rnЖивеете само еднаш и тоа е кратко време за да се лишите од сите преслатки деликатеси кои постојат, не мислите така?rnrn
rn
11. Да планирате епски родендени
rnЕдноставното е секогаш подобар избор од кичот. Купете пиење и грицки, викнете го друштвото и загарантирано имате подобра забава од која било друга идеја која ви паднала на памет.rn
12. Да се обидувате да ги направите сите среќни
rnУбаво е кога луѓето околу вас се насмеани и задоволни, но тоа не е секогаш ваша грижа. Го правите најдоброто што знаете, но повеќе од тоа не можете.rn
13. Да не се осудувате да ја исфрлите старата облека од плакарот
rnПостои едно правило кога станува збор за облеката, а тоа е дека доколку некое парче го немате облечено повеќе од 6 месеци, тогаш веднаш треба да го исфрлите од вашиот плакар. Кога цели 6 месеци не сте се одлучиле да го облечете, дали навистина мислите дека ќе го направите тоа во блиска иднина?rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.