КАФЕ ПАУЗА

Предупредување од забарите: 7 намирници кои им се непријатели на вашите заби

Сите ние добро знаеме дека десертите предизвикуваат кариес, а црвеното вино остава дамки на забите доколку често го консумираме. Но, постојат и други намирници кои изгледаат безопасно, а кои можат да им наштетат на забите и да ја уништат ефикасноста на оралната хигиена. Ви откриваме кои намирници вашиот забар сака да ги избегнувате.rnrn1-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_rn

1. Семки од сончоглед

rnТие имаат цврста надворешна лушпа која може да ги оштети забите кога ќе се обидувате да ја загризете. Ако сте љубител на овие здрави грицки, подобра опција се веќе излупените семки.rn

2. Коцки мраз

rnИ тоа како би требало да го избегнувате дробењето на коцките мраз со заби. Кога ќе притиснете два кристала еден со друг, еден мора да пукне. Семките сончоглед и коцките мраз може да предизвикаат оштета на забната глеѓ, бидејќи станува збор за тврди намирници. Исто така, консумирањето на доста студен мраз може неповолно да делува на забите.rnrn3-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_rn

3. Спортски пијалаци

rnИако овие пијалаци содржат електролити кои им помагаат на мускулите после тренингот, немојте да заборавите дека се полни со шеќери. Не е лошо понекогаш да се напиете некој спортски пијалак, но немојте да ви прерасне во навика.rn

4. Вода со вкусови

rnИако водата со вкусови нема шеќер, содржи киселини кои ги уништуваат забите. Заради додатоците како што се шеќерот или киселините, водата со вкусови и спортските пијалаци ја менуваат pH вредноста на плунките, односно ја заголемуваат киселоста, а тоа ја намалува отпорноста на забната глеѓ. Кога ќе се уништат сите слоеви глеѓ, тешко дека ќе се обноват. Тогаш забите стануваат чувствителни на кариес, воспаленија и инфекции. Најдобро е да консумирате обична вода.rn

5. Суво овошје

rnЗаради својата лепливост сувото овошје подолго се задржува на забите, а активноста на бактериите кои го разградуваат шеќерот расте, како и киселоста, односно на овој начин може да дојде до создавање кариес.rnrn2-predupreduvanje-od-zabarite-7-namirnici-koi-im-se-neprijateli-na-vashite-zabi-www.kafepauza.mk_rn

6. Чипс

rnХраната која содржи скроб, како што е чипсот, предизвикува кариес. Ензимите во плунката започнуваат процес на варење на оваа храна во вашата уста разградувајќи ја од јаглехидрати во шеќери кои стануваат храна за бактериите во устата. Чипсот може да се задржи помеѓу забите, односно да допринесе се развивање на забен кариес. Па, ако повремено уживате во чипсови, обидете се после консумирањето да го измиете од забите со доста вода и да користите конец за заби.rn

7. Алкохол

rnАлкохолот ја суши устата и така допринесува за создавање кариес. Заради намаленото произведување плунка се губи нејзината функција на миење, а со тоа се зголемува чувствителноста на забите и на слузницата на усната шуплина. Морате да внимавате за количината и колку често консумирате алкохол, како и на адекватната орална хигиена.rnrnПонекогаш знаеме да веруваме во погрешни работи, па затоа погледнете ги овие митови за забите во кои луѓето порано цврсто верувале.