Пивото е еден од најстарите и најпопуларните алкохолни пијалаци ширум светот. Поради неговите состојки се смета дека можеби има некакви здравствени придобивки, па дали ова го прави здрав пијалак?rnrn
rn
ПРЕДНОСТИ ОД ПИЕЊЕТО ПИВО
rnПивото е богато со многу витамини од групата Б и минерали како магнезиум. Исто така е богато со флавоноиди кои делуваат како моќни антиоксиданси. Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам направил извештај за досегашното знаење за влијанието на умереното консумирање алкохол врз здравјето. Се открило дека најниска стапка на смртност од каква било причина имало кај луѓето кои пиеле една до две пијачки дневно. Ова значи дека луѓето кои пијат умерено живеат најдолго. Погледнете кои се предностите од пиењето пиво.rn
1. Помага во борбата против коронарната срцева болест
rnПостојат навистина силни докази кои покажуваат дека умереното консумирање алкохол може да го заштити срцето. Многу истражувања покажале дека луѓето кои умерено пијат пиво имаат помали шанси за коронарна срцева болест. Овие луѓе имаат помал ризик и од луѓето кои пијат премногу, но и од оние кои воопшто не пијат пиво. Витаминот Б6 во пивото изгледа го спречува покачувањето на хомоцистеинот во крвта, веројатен ризичен фактор за болестите на срцето.rn
2. Го регулира холестеролот
rnУмереното консумирање алкохол има влијание на многу процеси во телото, вклучувајќи го зголемувањето на добриот холестерол. Постојат докази дека пивото го менува односот на добриот и лошиот холестерол во нашето тело.rn
3. Ја спречува појавата на камења во бубрегот
rnПиењето пиво може да го намали ризикот од појава на камења во бубрегот. Едно истражување покажало дека луѓето кои консумирале пиво имале 40% помали шанси да се соочат со овој проблем.rn
4. Штити од радијација
rnЈапонските истражувачи откриле дека пивото ја намалува штетата на хромозомите предизвикани од радијацијата.rn
НЕДОСТАТОЦИ ОД ПИЕЊЕТО ПИВО
rnКако што ќе забележите, повеќето од недостатоците се однесуваат на луѓе кои пијат многу. Овде спаѓаат оние кои консумираат над 2 пијачки дневно.rn
1. Пивски стомак
rnЧестото пиење пиво може да го зголеми обемот на стомакот кај мажите, односно да предизвика „пивски стомак“. Умереното пиење пиво не предизвикува дебелина.rn
2. Киселини
rnПивото содржи материи кои го стимулираат лачењето на киселини во стомакот. Алкохолот ја зголемува опуштеноста на органот кој ја „држи“ киселината во стомакот и настрана од хранопроводот, па затоа често можете да почувствувате киселини.rn
3. Крвен притисок
rnСекојдневното пиење пиво (околу 40 милилитри алкохол дневно) може да го зголеми крвниот притисок.rn
4. Интоксикација и оштетување
rnДури и малото количество алкохол може да има влијание на вниманието и моторичките способности. Всушност, многу сериозни несреќни случаи се поврзани со алкохолот. Овде очигледно спаѓаат сообраќајките, но и случки како паѓање од стол, по скали, од прозорец и слично. Овде спаѓаат и „пивските мускули“, односно личноста којашто пие верува дека може физички да се справи со секој во просторијата. Често личноста што пие прави погрешна проценка и завршува со повреди.rn
5. Дехидратација
rnСамо 10% од она што го пиете се отстранува преку урината, а на вашиот црн дроб му е потребна вода за да се ослободи од останатите 90%. Поради ова црниот дроб е присилен да ја собира водата од другите органи, вклучувајќи го и мозокот, што може да предизвика главоболки. Пиењето чаша вода помеѓу две пијачки може да ви помогне.rn
6. Мамурлак
rnНа многумина им се познати главоболката и сувата уста по вечер помината во пиење. За да го избегнете мамурлакот, најдобро е да бидете умерени.rnrnПрочитајте ги и овие факти за пивото кои сигурно не сте ги знаеле.
