КАФЕ ПАУЗА

Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од неделата

Прашања кои треба да си ги поставите на крајот од секоја недела

Written by

in

,

Рефлексијата е главен клуч за прогресија. Одговарајќи на овие прашања, ќе си го организирате остварувањето на вашите соништа, цели и потреби.rnrnПрашања кои треба да си ги поставите на крајот од секоја неделаrn

1. Што научив изминатава недела?

rnАко имате проблем при одговарање на ова прашање, време е за промена. Без разлика колку години имате, не заборавајте дека секој ден треба да учите по нешто ново.rn

2. Што беше моето најголемо достигнување минатата недела?

rnПогледнувајќи им на достигнувањата во очи, на здрав начин го подигнувате нивото на својата самодоверба и задоволство. Исто така, тоа е ефикасен начин да го следите сопствениот прогрес.rn

3. Кој миг од изминатава недела длабоко се врежа во моето сеќавање и зошто?

rnТоа може да го отвори вашиот ум и да увидите нови страсти и цели кои ќе сакате да ги постигнете.rn

4. Која е најважната работа која сакам да ја остварам во неделата која следува?

rnСè друго треба да има споредна важност во однос на оваа работа која ќе ја определите како најважна. Секако, и други работи ќе излезат приоритетни, но важно е да не заборавате споредните да ги третирате како такви.rn

5. Што можам да направам за неделава која следува да ми биде помалку стресна од претходната?

rnСтавете си потсетници во календарот, исперете ги валканите алишта, наполнете го резервоарот со бензин. Организирајте се навреме за неделата што следува.rn

6. Со што се борев изминатава недела, а може да ми влијае и наредната?

rnИдејата на ова прашање е да се соочите со работите кои не ви оделе од рака.rn

7. Што ми одзеде многу време изминатата недела?

rnНе дозволувајте ништо да ви го одвлече вниманието од важните работи.rn

8. Дали носам дополнителен товар кој можам да го оставам во наредната недела?

rnЕлиминирајте го непотребното и фокусирајте се на најважното. Ако треба, поставете си и физички бариери пред она што ви го одвлекува вниманието.rn

9. Што е тоа што го избегнував, а треба да го исполнам следната недела?

rnНа лист напишете ги тие работи. Уште од понеделник запоочнете со нивно исполнување.rn

10. Кои работи сè уште можам да ги направам?

rnАко нешто сакате да направите и имате можност за тоа, работете на случајот да го остварите во текот на оваа недела.rn

11. Дали со некого планирав да разговарам, а не го направив тоа?

rnРедовната комуникација може да ги реши проблемите. Секогаш отворено комуницирајте со најблиските.rn

12. Дали има некој што заслужува едно големо „Благодарам“?

rnРазмислете дали има луѓе кои оваа недела ви помогнале. Не дозволувајте тоа да остане незабележано од ваша страна. Еве како да се заблагодарите.rn

13. Како можам да му помогнам некому следнава недела?

rnПомогнете им на другите кога им е потребна помош. Тие ќе се сетат да ви помогнат кога помошта вам ќе ви биде потребна.rn

14. Кои се моите 3 најбитни цели кои треба да ги остварам наредните 3 години?

rnНикогаш нема да имате личен прогрес ако не си поставите реални цели.rn

15. Дали некои од моите активности ме доведоа поблиску до остварување на моите цели?

rnАко одговорот е не, некои работи треба да се променат.rn

16. Кој е мојот следен чекор за остварување на секоја цел?

rnАко го знаете следниот чекор, полесно ќе ја остварите вашата желба во целост.rn

17. На што се радувам однапред?

rnТоа може да е некаков настан, средба или обврска која може да ве мотивира. Ако немате нешто такво во план, преземете нешто – испланирајте.rn

18. Кои се моите стравови?

rnСвесно прифатете ги вашите стравови и постепено почнете да работите на нивно совладување. Не загризувајте преголеми залаци. Сè е во малите чекори.rn

19. За што сум најмногу благодарен?

rnДобро е да имате претстава за ова и никогаш да не дозволите да заборавите да гледате од таа перспектива.rn

20. Ако знам дека имам уште една недела да живеам, на што ќе ја потрошам?

rnЖивотот е краток. Поминете повеќе време со луѓето кои ги сакате.rnrnОдвојувајте по 30 минути секоја недела и одговарајте ги овие прашања. Правете го тоа полека, во мирна околина.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.